Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Протестно трчање (со маски) на грчки лекари

Luis_Monasterio/BigStock.com

Протестно трчање (со маски) на грчки лекари

Поголема група грчки лекари, заедно со членови на своите семејства и пријатели, поминаа низ улиците на Солун – трчајќи и брзо одејќи – за да докажат дека носењето маски за лицето, во ова време на коронавирусот – не е штетно!

Вакви неточни и лажни информации околу маските, подолго време се присутни во грчката јавност и во Солун и тие продолжуваат да се шират преку интернет.

Лекарите, инаку сите пулмолози, додека трчале и забрзано оделе, носеле на себе маски.

Гневна реакција

Откако поминале два километри, го измериле нивото на кислород и на јаглен двооксид во крвта и се покажало дека и покрај маските, тоа останало на нормалното ниво.

Противниците за носење маски во Грција продолжуваат да шират погрешно тврдење дека маските се штетни по здравјето (!?), затоа што предизвикуваат отежнато дишење. Уште и дека не помагале за одбрана од заразувањето од коронавирусот.

Налутените солунски лекари – специјалисти за лекување на болести на белите дробови, што инаку вирусот ги напаѓа- се одлучиле на ова протестно трчање низ улиците на градот, за да им покажат на неверниците и на оние кои шират лажни вести – дека ГРЕШАТ.

Единствена мерка

Пулмологот Ираклис Титопулос, за странските агенции кои го следеле настанат во Солун, изјавил дека маските за лице, социјалното дистанцирање (одржување оддалеченост од 1,5 до 2 метри), како и личната хигиена (миење на рацете, пред се), остануваат ЕДИНСТВЕНАТА МЕРКА за заштита од заразување.

„Навистина, никогаш не ќе можев да поверувам дека толку голем број од населението ќе го негира сето она што е толку очигледно“ – рекол овој грчки пулмолог.

Грција официјално оперира со 19.500 заболени од корона, но дури 80 отсто од нив се регистрирани од почетокот на август.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе