Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Одобрена подновената анти-ковид вакцина

Одобрена подновената анти-ковид вакцина

Европската комисија (ЕК)  во Брисел  ја одобри за употреба подновената анти-ковид вакцина на „Бионтек/Фајзер“, приспособена против новата подврста на вирусот, познат како „Омикрон HVV.1″.

Во соопштението се вели дека вакцината е приспособена за возрасни лица и за деца, како и за бебиња постари од шест месеци. Дозволата се издава порано од вообичаено, за да земјите членки на ЕУ можат да бидат подготвени за кампањата за ваккцинација  во текот на оваа есен и зима.

Вакцината е подновена врз постоечката основа на „Бионтек/Фајзер“ која се употребуваше во текот на пандемијата против коронавирусот и се означува како „уште еден значаен чекор  во борбата против заразниот вирус“.

Трето приспособување

Станува збор за трето приспособување на оваа вакцина, откако и претходните две беа направени исто така после појавувањето на нови подврсти на короната. Се очекува оваа, сегашна адаптација на вакцината на овие производители, да придонесе за зголемување на имунитетот на луѓето против сегашните подврсти. Но, и против сите досега познати подврсти на ковид-19 кои се појавуваа во текот на двегодишната, глобална борба со пандемијата.

Според упатствата на Европската агенција за лекови (ЕМА) и на Европскиот центар за борба со заразни болести, возрасните лица и децата од 5 години ќе примаат само една доза  вакцина, без разлика тоа каква е нивната историја на вакцинирање против коронавирусот. Односно, без разлика колку пати се вакцинирани во изминатиот период.

Се смета дека одобрувањето за адаптираната анти-ковид вакцина во време додека се уште трае летото, е добра можност здравствените власти во земјите на ЕУ да започнат со подготовки за вакцинација, онака како што тоа се прави за сезонските есенски грипови.

Короната жива и во летните месеци

Соопштението на ЕК  доаѓа во време кога и во текот на летните месеци , коронавирусот во (велат секаде) поблага форма остана присутен во низа земји од Европа и Америка. За појава на заболени од овој вирус се јавува во Италија, Грција, Хрватска и Црна Гора, но и во САД.

Никаде нема знаци за епидемиско ширење, но, од Вашингтон  се јавува дека позитивна на короната е и „првата дама“ на Америка Џил Бајден (72)- сопругата на американскиот претседател. Џо Бајден не бил заразен, но тие двајцата, извесен период, ќе останат во изолација на нивниот приватен имот. Симптомите на вирусот биле проследени со ниска температура.

Во меѓувреме, здравствени експерти предупредуваат дека се уште живиот вирус , треба да се прифати како реалност, а Ковид-19 да не се игнорира како што тоа се прави во  антиваксерската јавност, која се  противи и на вакцинирањето.

Најновите истражувања покажуваат дека инфицирањето со коронавирусот  го зголемува ризикот од стекнување некоја хронична болест- во време од две години по заздравувањето.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе