Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Полицајка го ликвидира убиецот од Сиднеј

Полицајка го ликвидира убиецот од Сиднеј

Една полицајка од Сиднеј е прогласена за „вистински херој“ откако сама му се има спротивставено со разулавениот убиец во  трговскиот центар „Вестфилд“ во најголемиот австралиски град- ликвидирајќи го и   прекинувајќи го пролевањето крв на невините луѓе дојдени на саботно пазарање и прошетка.

До тој момент, убиецот кој користел  нож, веќе имал нападнато и убиено повеќе посетители на трговскиот центар, сите затоа што случајно му се нашле на патот.

„Хероина во крвавиот инцидент“

Полицајката Ејми Скот, чиј идентитет отпосле беше откриен, прва дотрчала на местото од каде луѓето панично бегале, а ранетите  барале помош.

Во еден момент, таа го збунила напаѓачот со својата одважност да се најде пред него. Според сведоци, прво му дофрлила (велат) два збора. Кога убиецот игнорирајќи ја тргнал  и кон неа- за да се пресмета- таа во него ги испукала сите куршуми од својот револвер.

Австралискиот премиер Тони Албанези веднаш ја пофали храбрата припадничка на полицијата , нарекувајќи ја – „хероина во овој крвав инцидент“ Истакнувајќи го тоа што  со својата интервенција таа  спречила убиецот да продолжи да убива.

Подоцна, полицијата на Сиднеј издаде и официјално соопштение во кое се вели дека полицајката – соочувајќи се со убиедот- само му рекла да го фрли ножот, а кога тој со оружјето во рака, се затрчал кон неа, таа го ликвидирала.

Шестмина убиени со нож

Полицајците соопшти дека таа пукала директно во неговите гради, а кога видела дека се уште не е починат, се обидела да му даде прва помош.

Локалните медиуми пишуваат дека убиецот Џоел Каучи има убиено шест лица . Други 11 се полесно и потешко ранети.

Меѓу жртвите  на нападот е  и една мајка, инаку лекар,  која со своето деветмесечно бебе била во „Вестфилд“. Таа е убиена додека го заштитувала  детето. Бебето  го има преживеано нападот, но тешко рането  лекарите морале  врз него да извршат итна хирушка интервенција.

Засега не се знае мотивот на масовниот убиец за ова тешко злосторстгво.

Станува збор за  40 годишен маж, за кого е откриено дека е од сојузната држава Квинсленд, а дека од скоро се доселил во Нов Јужен Велс и во Сиднеј.  Живеел по хостели и на социјалните мрежи се нудел како машка ескорт дама. Откриено е дека настојувал да набави огнено оружје, но дека во тоа не успеал.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе