Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Ентони Фаучи: Не одете во ресторан!

Ентони Фаучи: Не одете во ресторан!

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, др Ентони Фаучи, инаку угледен имунолог во САД, тврди дека „некои места може да изгледаат како нормални, но дека таму не би требало да се оди – во ова време на пандемија со коронавирусот.

Станува збор за три, како што рекол во едно ТВ интервју, опасни локации- баровите, теретаните и пред се, рестораните во затворен простор.

Според Фаучи, затворањето на овие три локации во три американски сојузни држави- Аризона, Тексас и Њујорк – значително помогнало за забавување на ширењето на епидемијата и бројот на заболени од Ковид-19 во овие држави.

Над 40 отсто новозаразени биле во ресторан

Податоците на Центарот за превенција од Ковид во САД, добиени од 11 тамошни лаборатории и здравствени установи- покажуваат дека околу осум отсто од заразените и заболените биле во некоја теретана. Други 8,5 отсто признале дека посетиле некој бар во градот каде живеат, пред да се заразат.

Но, дури 40,9 отсто од новозаразените пациенти потврдиле дека претходно посетиле некој ресторан, сами или во друштво.

Не е дадено попрецизно објаснување за тоа како и зошто токму рестораните се опасни места за посетување. Сепак, овој епидемиолог предупредува тие да се одбегнуваат.

„Рестораните во затворено, во услови кога постои висок степен на зараза, како и неносењето маски на лицето – од страна на келнерите и целиот персонал – но и од гостите кои доаѓаат, претставуваат сериозен епидемиолошки проблем“ – изјавил во телевизиското интервју др. Ентони Фаучи.

Подобрување на вентилацијата

Тој притоа изразил надеж дека подобрувањето на вентилацијата и на проветрувањето на затворените простории, би можело да го намали ризикот од пренесување на вирусот низ воздухот, останувајќи при тоа на пораката дека е најдобро – засега, да не се оди во затворени ресторани.

Во текот на летото кое веќе изминува, во САД некои епидемиолози како опасни места ги посочуваа и базените (оние на отворено) и играчниците за деца (популарни места и во Македонија за славење родендени), затоа што децата не се во ризичната група за заболување, но важат како пренесувачи на вирусот.

Лекарите во Америка предупредуваат и на опасноста што демне од тастатурата на бројните автомати за забава и за забавни видео игри во разните клубови, доколку не се има ракавици на рацете. Најголемиот дел од корисниците на овие автомати се млади луѓе и тие не носат ниту ракавици, ниту маски на лицето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе