Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Германија: Најмногу заразени се дојдени од Балканот

hadrian/BigStock.com

Германија: Најмногу заразени се дојдени од Балканот

Германскиот институт „Роберт Кох” кој месечно ја следи состојбата со пандемијата со коронавирусот, во својот последен извештај за бројот на луѓето кои се заразиле во странство, а допатувале во Германија во изминатите четири недели, констатира дека најголемиот број од нив се од државите на Балканот.

Република Северна Македонија на таа листа се наоѓа на десеттото место.

Според сознанијата на институтот, во посочениот временски период, во Германија биле регистрирани без малку 16 илјади новозаразени лица. Далеку најмногу новозаразени (над 9500 лица) се оние од Германија, но она што го следи „Роберт Кох“ е колкаво е учеството на странците, или на дојденците на германската територија, во оваа бројка на заразените.

Од Македонија 161 инфицирани

Од државите што институтот внимателно ги означува како – веројатен извор на заразување – уверливо прво е Косово, со 1755 дојдени во Германија (а веќе заболени) лица, во само еден месец што експертите го анализирале.
На второто место е Турција со 1134, а на третото е Хрватска, со 786 веќе инфицирани лица.

По овие три држави, следуваат дојдените од Бугарија (322 заразени), од БиХ (297), Шпанија (222), Србија (211), Романија (193), Полска (163).

Од Македонија, според сознанијата на институтот пристигнале, веќе инфицирани, вкупно 161 лице.

Зад нас, на оваа листа се – Албанија (152) и Австрија (101), а потоа следуваат и Франција и Италија, па Малта и зад неа уште над 650 лица од разни други земји.

Различна старосна структура

Во заклучокот на институтот „Роберт Кох“ се вели дека, најчесто како локација од каде се новозаразените, во четирите недели што биле анализирани, ако се исклучи самата Германија, се државјани од земјите на Западен Балкан, потоа од Турција, како и од Бугарија, Шпанија, Романија и Полска – сите земји членки на ЕУ.

Анализата на старосната структура на дојденците кои допатувале заразени – пружа различна слика.

Кај оние од Косово и од Турција станува збор за деца и за постари луѓе, што наведува на заклучок дека тоа се, пред се, семејни луѓе.

Во случаите кај дојдените од Шпанија и од Хрватска, пак, новозаразените се најчесто млади луѓе, на возраст меѓу 20 и 24 години, што упатува дека тоа се туристи и лица кои деновите ги минувале на ноќни забави и дружење каде не се почитувале мерките за социјално дистанцирање.

Во секој случај, сите оние кои доаѓаат во Германија, од разни држави што се означени како „ризични“- мора да поминат 14 денови во карантин, или додека не приложат негативен тест за Ковид-19.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе