Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Заробен“ на аеродромот во Њу Делхи

ioanna_alexa/BigStock.com

„Заробен“ на аеродромот во Њу Делхи

Еден 41 годишен Германец останал 50 денови „заробен“ на аеродромот во индискиот главен град Њу Делхи, пред конечно, пред два дена да отпатува за Амстердам. Индиските весници кои пишуваат за неговиот случај велат дека не се знае зашто заминал за Холандија, а не за својата земја.

Човекот на 17 март заминал од Ханој, во Виетнам, но го пропуштил летот за Истанбул, па се нашол во индискиот главен град, во моментот на силниот налет на коронавирусот. За одбрана од епидемијата, индиската влада, токму тогаш ги запрела сите авионски летови, па Германецот останал „заглавен“ во транзитната зона на аеродромот во Њу Делхи, не верувајќи таму ќе остане без малку два месеци.

Некои тамошни медиуми тврдат дека тој самиот зборувал оти не сака да оди во Германија, затоа што таму би можел да се соочи со кривична пријава, но не кажуваат за какво дело. Индиските имиграциони власти го искористиле тоа за да не му издадат влезна виза, но се согласуваат да го чуваат како „гостин“ во аеродромот.

Во текот на тие 50 денови, службениците раскажувале дека времето го минувал сурфајќи на интернет, дружејќи се со персоналот, како и комуницирајќи со семејството и со пријателите.

Управата на аеродромот, од своја страна, му помогнала обезбедувајќи го со храна, вода и облека, како и со сите средства за хигиена. Велат спиел во едно импровизирано креветче, но и на клупите на аеродромот, а често и на подот, но никогаш не се пожалил за таквото сместување.

Неговиот случај е истоветен со приказната од филмот „Терминал“ на Стивен Спилберг, од 2004 година, со Том Хенкс во главната улога. Филмот пак е направен по вистинскиот случај со еден Иранец, кој останал заглавен на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе