Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Опенхајмер“ стигна во Јапонија

Matthew R. Dix

„Опенхајмер“ стигна во Јапонија

Победникот на годинешново доделување на филмската награда Оскар, филмот  на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ – направен за „таткото“  на атомската бомба – премиерно беше прикажан и во Токио. Со што започна неговата дистрибуција и во јапонските кино сали- повеќе од осум месеци по неговата светска премиера.

Почетокот на прикажувањето се одвива во екот на поделените мислења во јапонската јавност за тоа дали филмот треба да се прикажува во земјата, која прва и засега единствена ги има почувствувано ефектите од изумот на Опенхајмер, пред безмалку 80 години,  Особено откако многумина критичари му забележуваат на авторот на филмот – како се прикажуваат ефектите од фрлените атомски бомби.

Поделено мислење на гледачите

Филмот се прикажува од еден токиски независен дистрибутер, а првите проекции се одржани наутро, во 10 часот по локално време. На нив нема многу посетители, ниту се забележани редови за кино-влезници, како во другите земји каде филмот на Нолан веќе се има прикажувано.

Пред некои токиски кино сали се поставени табли со посебно известување дека во филмот има сцени од нуклеарните тестови што ги правел научникот, како и дека нема  сцени од нападите на градовите Хирошима и Нагасаки.

По повод прикажувањето на филмот во Јапонија, со реакција се има огласено Такаши Хираока, поранешен градоначалник  на Хирошима,  првиот град врз кој е фрлена атомска бомба . Тој  смета дека  “не е доволно прикажан ужасот на нуклеарното оружје“.

„Филмот е направен за Американците“

Според него, филмот „Опенхајмер„ е направен  на „начин само за да го потврди заклучокот дека атомската бомба е искористена како оружје ( на крајот од Втората светска војна, на Далечниот Исток) – за да се спасат животи на Американците“.

Освен седумте  Оскари, филмот беше победник и за наградата Златен Глобус, а ја освои  и  најголемата британска филмска награда Бафта. Одлично е прифатен од публиката и филмската критика, а до пред наградата Оскар, од прикажувањето низ светот,  имаше заработено една милијарда долари.

Некои критичари, во изминатите  осум месеци , сепак, му замераат на режисерот Нолан  и за тоа како е прикажано разурнувањето на Хирошима и Нагасаки, во август 1945 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе