Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нова „бомба“ од Бакингамската палата

Нова „бомба“ од Бакингамската палата

Британското кралско семејство и Бакингамската палата одново се најдоа во центарот на уште еден скандал, предизвикан од една нова книга за семејството , а овој пат, од контроверзниот британски новинар Пирс Морган.

Книгата носи наслов „Endgame” и таа  според насловот би требало да сугерира крај на игрите и сплетките во врвот на семејството кое владее со Велика Британија, но излегува дека кризата во кралската куќа само се продлабочува.

Обвинување за кралот Чарлс и за Кејт

Според Морган, водител на популарната утринска програма на лондонската телевизија  Ај-Ти-Ви , во книгата се споменуваат две имиња од врвот на семејството кои се обвинуваат за расизам. Затоа што пред раѓањето на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, синот Арчи, се интресирале за тоа- каква ќе биде бојата на кожата на бебето. Затоа што Меган е родена во САД во расно мешовит брак.

За ова прв пат има зборувано Хари, по раѓањето на синот, инсистираќи дека нема да именува за кои членови од семејството станува збор, освен што тогаш има речено дека тоа не се неговите баба и дедо- починатите- кралицата Елизабета и принцот Филип.

Во најновата книга на Омид Скоби тоа прашање одново се отвора и (според лондонските весници) станува збор за британскиот крал  Чарлс, тогаш претолонаследник и за неговата снаа Кетрин (Кејт). Сопруга на постариот брат на Хари, актуелниот престолонаследник Вилијам , која сега е принцеза од Велс и идна кралица.

Книгата оваа недела се појави во книжарниците, но во верзијата во Британија и САД , не се споменува идентитетот на „лицата кои се интересирале за бојата на кожата на Арчи“.

Бојата на кожата на синот на Хари

Идентитетот , меѓутоа, се открива во  изданието во Холандија, каде (наводно) имало додадено еден нов пасос.

Пирс Морган кој на времето водеше валкана војна против Меган, сега бара да се види која е оригиналната верзија и дали холандското издание кое било повлечено ( британскиот крал- практично- се обвинува за расизам) навистина е допишано,барајќи за сето тоа да знаат и Британците од чии пари се издржува кралското семејство.

Авторот Скоби, во изјава за Ај-Ти-Ви вели дека тој нема никаде испорачано книги во кои се споменуваат имиња на членови од семејството , а уште помалку дека било каде во текстот е користен зборот „расизам“.

Преходно Хари и Меган од САД издадоа соопштение во кое велат дека тие „на никаков начин немаат учествувано во правењето на книгата“.

Таблоидот „Дејли Меил“ кој ги изгуби сите судски спорови со  Хари за – повреда на приватноста поврзано со неговата сопруга- продолжува да војува со принцот и со Меган. Весникот овој пат тврди дека Омид Скоби е близок со Хари.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе