Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Рекордна посета на замокот на Дракула

Fermoar.ro

Рекордна посета на замокот на Дракула

Замокот Бран, сместен на еден шумовит рид во областа Трансилванија, во Романија, секоја година е масовно посетуван во деновите пред  Ноќта на вештерките ( меѓу 31 октомври и 1 ноември), но оваа година- според романските медиуми- е забележана рекордна посета.

Во само еден ден , замокот го имаат посетено речиси десет илјади лица- што според управата на замокот-музеј е најмногу досега.

Грофот Влад и романската кралица

Овој средновековен , готски замок стана познат ширум светот откако во 19 век, писателот Брам Стокер во него ја има сместено својата приказна за страшниот и крволочен гроф, креирајќи го ликот на  Дракула.

Стокер никогаш не бил в0 Романија ( Влашка во тоа време) и во Трансилванија, но врз основа на старите „страшни приказни“ за вампирите, авторот го открива Бран и замокот станува локацијата во која е сместен грофот Дракула.

Посетителите во денешно време се луѓе кои ја имаат слушнато оваа приказна, но најмногу се оние кои веруваат и понатаму во натприродните појави н во „живот“ и по смрта, па според тоа веруваат и во вампири.

Зомби,вештерки и вампири

И покрај верувањето дека за ликот на Дракула е искористен средновековниот суров ( и велат крволочен) гроф Влад Тепеш кој живеел во Бран, во поново време замокот станал омилена летна резиденција на романската кралица Марија, пред нејзината смрт во 1938 година, кога замокот бил темелно реновиран и уреден за престој на романскато кралско семејство.

Нема податоци за тоа  како минала ноќта на вештерките во тој дел на Романија, но се знае дека на халовинскиот фестивал во Букурешт имало 80 илјади посетители. Оваа европска и балканска земја не е осамена во Европа со одбележувањето на Ноќта на вештерките, во САД познат како Halloween.

Таму го имаат прославено над 150 милиони луѓе, но низ светот оваа ноќ секоја годна добива се повеќе приврзеници- кои на забави и прослави , низ карневали со маски, се преправаат во зомби, вештерки или вампири.

Келтите и старите Римјани

Малкумина, меѓутоа, знаат дека славењето на „страшната ноќ“ потекнува од Ирска, уште од времето на Келтите. Тие верувале дека на 1 ноември почнува новата календарска година, па во ноќта спроти тој ден правеле прослави во чест н богот на Сонцето и на господарите на смрта.

Се верувало дека во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември – мртвите излегуваат од гробовите и ги посетуваат местата каде живееле на овој свет. Живите, пак, стравувајќи да не се сретнат со нив, создаваат бука за да ги одбегнат по секоја цена.

За оваа и ваква ноќ знаеле и ја одбележувале и старите Римјани, но во денешно време Ноќта на вештерките е најчесто народен фестивал, со силно изразен забавен и комерцијален карактер.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе