Поврзете се со нас

Skopje Global

chains, feet, sand

Екстра Глобал

Португалец бил роб 17 години

Португалец бил роб 17 години

Еден Португалец чиј идентитет не се открива, бил чуван како роб, без минимални услови  за живот.

Луѓето кои го имаат извршено ова злосторство го чувале  несреќниот човек  заточен, без здравствена и друга заштита , па тој никаде во земјата не е заведен и нема медицински картон.

Властите  имаат притворено четири лица, осомничени за нивното однесување кон човекот кој сега е одведен на здравствена и ментална рехабилитација.

Трајни последици од нелекување

Според португалската полиција , ослободениот несреќник е маж на возраст од  54 години. Случајот е регистриран во северната област на Португалија, позната како Браганса, а засега е откриено дека на човекот не му било дозволено ниту да побара здравствена заштита кога му била потребна, за време кога бил повреден.

„Живеел мизерен живот, минувајќи ги ноќите во комби возило во кое немало ни минимални услови за живот- за хигиена и за исхрана“- се вели во соопштението на полицијата за случајот.

После 17 години ропски живот, тој сега е со трајни последици од нелекувањето и со ограничена способност да се движи. Но и таков,  успеал да побегне – да се јави во полиција и да добие неопходна здравствена и социјална заштита.

Зголемена експлоатација на луѓе

Португалија е земја каде експлоатацијата на луѓето и трговијата со луѓе, и сега бележи пораст. Посебно кога станува збор за земјоделскиот сектор.

Советот на Европа во јуни 2022 година откри дека во оваа земја- членка на ЕУ- биле идентификувани дури 1200 жртви на илегалната трговија со луѓе.  Во период од само четири години- меѓу 2016 и 2020 година.

Португалија е поранешна колонијална сила која во тоа време го има масовно користено ропството и ропскиот труд.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе