Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Самоубиецот“ побегнал во Грција

„Самоубиецот“ побегнал во Грција

Еден Италијанец кој на своето семејство и на најблиските им испратил неколку проштални посма во кои најавувал дека има намера да се самоубие, од пред десет години се води како исчезнат, затоа што неговото тело никогаш не било пронајдено. Цела деценија подоцна, откринен е жив и здрав, водејќи нов живот во Грција.

Избеганиот „самоубиец“ го открила неговата сопруга која очекала да разбере што се случило со нејзиниот сопруг и татко на нивните деца, па го пријавила случајот на една интернет агенција која со помош на локалната телевизија се вклучиле во потрагата по исчезнатиот. Со нивна помош  разбрала дека не е вдовица на маж-самоубиц , туку напуштена сопруга.

Пред да исчезне, Адамо Гера живеел и работел како продавач на електро-материјали во местото Имола, во иатлојанската област Емилија Ромања. Од јули 2013 година италијанската полиција го води како исчезнат , затоа што после тоа никој не го има видено.

Една недела по исчезнувањето, полицијата го открила неговиот автомобил во Анкона, град на Јадранскиот брег, без траги на насилство и навестување дека можело да е убиен, или насила грабнат. Истрагата што била покрената , брзо била прекината , прифаќајќи ја претпоставката за самоубиство.

Никаде го немало неговото тело – ниту во реонот на Имола, или во областа на која местото и припаѓа, а ниту во реонот на Анкона. Постоеле само писмата во кои се простува од блиските и од  својот живот, прикажувајќи го како – мизерен.

Неговата сопруга од која Гера побегнал, меѓутоа, никогаш не верувала во приказните за самоубиство, па после десег години чекање , пред неколку месеци, решила да поведе бракоразводна постапка. Кога дошло време за верификација на разводот, нејзиниот адвокат  открил дека Адамо Гера е жив и дека живее во соседна Грција

Гневната и измамена сопруга подоцна им иајзвила на италијанските новинари дека  нејзиниот формален сопруг – не заслужува да биде ниту маж, ниту сопруг , а ниту татко.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе