Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Сана Марин ќе работи во институтот на Тони Блер

Сана Марин ќе работи во институтот на Тони Блер

Поранешната премиерка на Финска Сана Марин објави дека ќе му се приклучи на Институтот за глобални промени, на бившиот британски премиер Тони Блер, каде ќе работи по заминувањето од политиката.

Претходно таа побара согласност од нејзината Социјалдемократска партија на левиот центар – за да го напушти финскиот Парламент, каде остана како пратеник по поразот на последните парламентарни избори.

„Мислам дека и на новото работно место и на задачите што ќе ги имам , полза ќе има и Финска“- изјави Марин.

Најмладата премиерка

Таа не ја отфрла можноста да се појави на следните избори во Финска, или дури да се кандидира за некоја од високите позиции во ЕУ, но во изјавата за локалните медиуми има речено дека засега нема такви планови и дека сега се насочува кон работата во Институтот.

Сана Марин стана позната во Европа и во меѓународната политичка јавност, откако во 2019 година стана фински премиер, како најмлада претседателка на влада во светот. Имаше само 34 години.

Стана брзо популарна во финската јавност, особено по нејзината успешна битка, со корона пандемијата, а уште повеќе по нејзиното храбро спротивставување на путинова Русија , после бруталната инвазија врз Украина и војната за освојување делови од украинската територија.

Финска во НАТО

Нешто слично Финска има доживеано во 1939 година од тогашниот СССР и од Сталин во наметнатата финско-советска војна, после која Финците останаа без 10 отсто од својата територија.

Покрена и успеа и да ја добие кампањата за напуштање на дотогашната финска неутралност и за влез на Финска во НАТО. Главен аргумент беше дека само под „чадорот“ на НАТО Финска може да се чувствува безбедна од Русија со која има граница долга 1200 км. Но на парламентарните избори Марин, сепак, доживеа пораз.

Минимален со само тројца  пратеници помалку  од потребните за да има мнозинство , но недоволно за да преговара со десниот блок партии. Особено со ултра-десничарите кои ги обвинува за расизам и нео-нацизам. Поднесе оставка и на лидерската позиција, затоа што и нејзините социјале демократи ја осудуваа поради нејзиното крајно неформално однесување во приватниот живот.

Десничарите против Марин

Конзервативците и крајната десница покренаа груба кампања за (наводната) раскалашност, затоа што- надвор од премиерската канцеларија-  се облекуваше во склад со младоста и годините и што одеше и правеше журки во својата приватна куќа.

Измислуваа дури и лажни приказни дека му е неверна на својот партнер, па тие двајцата се разделија. Разочарана таа одлучи да се повлече од политиката.

Тони Блер беше премиер на Велика Британија десет години- од 1997 до 2007 година. Подолго на функцијата беше само Маргарет Тачер.

Се повлече од Дауининг стрит 10, после партиски пуч што го предводеше- од сенка- Гордон Браун, негов министер за финансии. По повлекувањето Блер  одби да остане пратеник, а не сакаше ниту да стане  лорд и член на Горниот дом на Парламентот на Обединетото кралство.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе