Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Болсонаро не го признава поразот

Болсонаро не го признава поразот

Десничарот Жаир Болсонаро, кој ги загуби изборите за претседтаел на Бразил, и после неколку денови од соопштувањето на официјалните резултати,  одбива да признае  дека е поразен од левичарскиот кандидат и на два пати , поранешен шеф на државата, Лула да Силва.

Ваквото однесување на досегашмиот претседател предизвикува напната политичка и безбедносна атммосфера во најголемата јужноамериканска земја.

Особено што симпатизерите на Болсонаро веќе предизвикуваат немири во разни делови од земјата, а медиумите јавуваат дека тие , подржувани од камионџиите, ги блокираат патиштата, повикувајќи ја бразилската армија да излезе од касарните, а генералите да кажат што мислат за изборите. Односно, да објават дали тие ги признаваат резултатите и победата на Лула.

Новоизбраниот претседател на функцијата ќе стапи за два месеци- на 1 јануари.

Страв од државен удар

Тоа значи дека доколку не реагираат  поразениот кандидат, или војската, која дел од гласачите ја повикува да реагира, оваа земја- која во минатото  често беше соочена со пучеви , со диктатори и  воени хунти- може (одново) да се најде во уште подлабока криза, која би завршила со воен удар.

Всушност , Бразил со Болсонаро на заминување е како САД со Доналд Трамп, пред напуштањето на Белата куќа , одбивајќи да го признае  поразот од Џо Бајден. Тврдеше , без основа и без никаков доказ, дека претседателските избори биле „фалсификувани“ и дека „победата му била украдена“.

На само две недели пред инаугурацијата на новозибраниот претседател, Трамп  на 6 јануари 2020 година, се обиде да изведе пуч со толпата од ултрадесничари и расисти кои јавно ги повика да „удрат“ на Конгресот и да спречат формално потврдување на победата на Бајден и на неговиот избор за нов претседател на САД.

Заканата од претседателски пуч ја спречи потпретседателот Мајк Пенс кој помогна Конгресот да ја изполни својата уставна задача , а тој самиот се појави на инаугурацијата на Бајден , прифаќајќи ја демокатската транзицја на власта и изборната волја на американските гласачи.

Во Бразил нема  Пенс

Бразил, сепак, не е Америка, а како сега стојат работите , во кругот околу Болсонаро нема еден „бразилски Пенс“.

Поразениот бразилски претседател, напротив, се гордееше и се уште тоа го истакнува – дека  бил „бразилски Трамп“ , што во сегашнава постизборна криза , таквата негова  реклама, повеќе делува  како закана за копирање на трамповто пучистичко сценарио , што на бразилска почва, би можело многу полесно да се изведе.

Уште повеќе што Бајден  уверливо го порази Трамп со над 19 милиони повеќе гласови , додека во случајот- Болсонаро против Лула – разликата е речиси занемарлива за една така голема земја. Лула има добиено 50,9 отсто од гласовите, додека Болсонаро, 49,1 отсто, или победникот има само два милиони гласови повеќе од поразениот.

Затоа, сега сите прашуваат како во сето ова ќе се однесува армијата.  Пред се, затоа што на годинешниве  избори, војската  застана на страната на Болсонаро, кој е поранешен армиски полковник,  кој воената униформа ја замени за политичка функција.

Барање за поништување на изборите

За него, пак,  се вели дека е „тежок човек“ кој не сака да губи и кој тешко прифаќа дека загубил.

Двајца негови сојузници ( претседателот на Долниот дом на бразилскиот Конгрес и министерот за финансии) , признаа дека Болсонаро е поразен , но други високи функионери на бразилската  десница не мислат така.

Некои од нив бараат војската да ги поништи изборите и да изведе државен удар, за наводно, да се спасела државата.

Тие тврдат  дека изборите биле спроведени според „погрешно уреден изборен систем“. Така мисли и поразениот, па добар дел од кампањата , Болсонаро ја  имаше посветено токму на постоечкиот  изборен систем во Бразил, при што, без секоја основа , го критикуваше , иако истиот  тој систем не беше лош на минатите избори , кога победи.

На улиците, пак, во местата каде доминираат приврзениците на поразениот, болсонаровци веќе органиираат  протести , тврдејќи дека изборите, наводно, биле лажирани и наместени , па во типичен западнобалкански манир , бараат да не се признаваат и да се поништат.

Тешка работа за Лула како претседател

Оваа напната атмосфера, од која, се стравува, дека се би можело да се изроди , земјите од соседството како  и меѓународната јавност, се обидуваат, колку толку, да ја релаксираат , со испраќање честитки за победникот – Лула да Силва .

Уште веднаш по соопштувањето на резултатите,  како ретко кога, брзо реагираше Вашингтон , поздавувајќи ја победата на Лула и  истакнувајќи ги изборите како фер и демократски.

Во секој случај, на 77 годишниот Лула кој веќе најави дека повеќе нема да се кандидира, нема ниту малку да му биде лесно.

Тој ветува враќање на Бразил на старата патека на успешноста, натамошна борба за ликвидирање на сиромаштијата со која се зафатени над 33 милиони Бразилци и ослободување од гладот кој останува товар за оваа земја.

Прашање е, меѓутоа, дали тоа овој пат ќе му успее. Најмногу затоа што против себе Лула ќе ги има непријателскиот Конгрес , кој остана под контрола на десничарите, а и моќните позиции на десницата. Таа  нз овие избори, ги задржа за себе – и Сао Паоло, најбогатата  и  Амазонија, најголемата бразилска сојузна држава .

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе