Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Германија пред легализација на канабисот

Германија пред легализација на канабисот

Германија е на пат да дозволи легализација на канабисот , што би значело крупна промена во позицијата  на земјата по ова прашање, откако во Берлин беше обелоденето дека за тоа се имаат спогдено трите партнери на владината  „семафор“  коалција – Социјалдемократите (СДП) , партијата на Зелените и  германските Либерали (ФДП).

Врз основите на тој меѓупартиски договор , министерот за здравје Карл Лаутербах ги има определено и основите врз кои ќе се заснива либерализацијата.

Купување и поседување до 20 грама

Според овие основи, а за кои се зборува во медиумите, предвидено е во Германија да може да се поседува и да се купува до 20 грама канабис и тоа од лица кои се постари од 18 години. Во исто време, се предвидува да се дозволи и одгледување ( до две билки) канабис (марихуана).

Освен тоа, во производите од канабис , се определува количината на Tetrahidrokanabinol (THC) која е психоактивна супстанца, да не  смее да биде повисока од  15 отсто.Меѓутоа, на лица меѓу 18 и 21 година, ќе може да им се продаваат само производи во кои супстанцата ТНС не  е повиска од 10 отсто.

Целта на сите вакви мерки е – во основа- да се измени третманот на канабисот , што повеќе не би требало да се третира како опојно средство . Но продавниците во кои ќе може да се купи канабис не ќе смее да бидат блиску до училиштата и до детските установи.

Легализација до пролет

Предлагачите во владата на Германија го испитуваат прашањето за тоа кои се би можел да продава канабис- покрај аптеките и лиценцираните продавници и аптеките , да се продава и на други, дозволени, места. Се смета дека само на тој начин ќе се спречи „црниот пазар“ и илегалното продавање.

И покрај навестената легализација, производите од канабис не ќе семат да се рекламираат.

Владата во Берлин проценува дека нацрт-законот за легализација на марихуаната би можел да биде готов до крајот на оваа , или најдоцна на почетокот од 2023 година, по што ќе биде даден во Парламентот (Бундестагот) на усвојување. Во секој случај  се очекува легализацијата на канабисот во Германија да се случи до пролет следната година.

Над четири милиони корисници

Ваквата определба на германската влада ја има изненадено домашната и европската јавност, затоа што Германија досега беше мошне крута по ова прашање.

Но, според сознанијата на германското министерство за здравство, над четири милиони Германци користат канабис . Таквата раширеност ( од она што се знае) има предизвикано да се развие  и да постои  широко развиен „црн пазар“ што е под директна контрола на организираниот криминал.

„Умереното користење на канабисот , без да се замешаат криминалот и криминалните банди, е ситуација која ќе мора да се прифати, затоа што тоа од подамна е дел на модерното општество“- има речено министерот за здравство  Карл Лаутербах.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе