Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русите не веруваат дека постои коронавирусот

Florimel/BigStock.com

Русите не веруваат дека постои коронавирусот

Една четвртина од Русите сметаат дека пандемијата со коронавирусот не постои и дека е само ИЗМИСЛИЦА, додека други веруваат заканата од овој вирус, како и од болеста Ковид-19 е претерана, а сето тоа е направено „затоа што е во интерес на НЕКОИ заинтересирани луѓе“!

Малку над 23 отсто од анкетираните изјавиле „нема никаква епидемија и дека сето тоа е измислена работа“. Десет отсто, пак, веруваат дека целата оваа врева која е подигната околу вирусот, во изминатите месеци – едноставно – била претерана.

Анкетата е спроведена на десетина разни руски интернет страници, во времето меѓу 18 март и 26 мај, а во неа учествувале приближно 30 илјади луѓе од сите региони во Русија, на возраст меѓу 20 и 60 години.

Повеќе од една третина „неверници“

Истражувачите откриваат и други детали од анкетата, па така се дознава дека 43 отсто од оние кои не веруваат во постоењето на вирусот признале оти во времето на забраните за движење и во услови на карантин, излегувале надвор од дома, оделе во посети на своите роднини и пријатели и ги прекршувале сите забрани кои властите ги воспоставија, како брана за ширење на пандемијата.

Дури 75 отсто од овие кои не веруваат дека постои корона и кои сметаат дека се претерало со „плашењето на луѓето“ – изјавиле во анкетата оти немало потреба од самоизолација и од седење дома.

На тој начин оваа анкета покажа оти 33 отсто од Русите на вака размислуваат за коронавирусот. На тоа реагирал Дмитри Песков, портпарол на Кремљ и на рускиот претседател Владимир Путин, кој рекол дека тоа се луѓе „кои немаат желба да ја прифатат реалноста и да погледаат околу себе“.

“Од сопственото искуство знам не само дека коронавирусот постои, туку и дека е многу опасен“ – има речено Песков.

Тој и неговата сопруга (поранешна руска шампионка во уметничко лизгање) беа заразени со вирусот и во една московска болница беа лекувани од Ковид-19. Обајцата биле пуштени како излекувани на 25 мај.

Маршот на ултра-десницата

Примерот со неверувањето во постоењето на вирусот и на целата глобална пандемија, не е само руски феномен. Таквата приказна е раширена низ Европа, вклучувајќи го и Балканот, како и во САД. На европскиот и на американскиот континент ја шират припадниците на ултра-десницата, во обидот да собираат поени за својата мрачна идеологија меѓу постојано незадоволните и исфрустрирани делови во општествата на Европа/ЕУ и САД, обично ширејќи омраза и нудејќи деструкција.

Таквите се огласија во Германија, каде правеа и протести, барајќи „слобода“, тврдејќи дека се користи короната за да се спроведува „диктатура“ и „недемократска политика“.

Се обидуваа и во Италија, потоа изведоа блокада во неколку шпански градови, а такво нешто, но во многу помал обем се случи и во Франција. Во балканските земји, како и на Истокот од ЕУ, за ваква пропаганда се користеа социјалните мрежи, од наводно загрижени борци за човекови права“.

Во Македонија локалните националисти продолжуваат и натаму (низ своето политичко подземје), да тврдат дека „состојбата е претерано надуена“ и дека „се претерувало“ и со мерките за заштита, а во исто време, преку пропагандната партиска машинерија се зборува дека тие биле загрижени за здравјето на луѓето.

Во светот само уште бразилскиот крајно десничарски претседател Жаир Болсонаро тврди дека „нема коронавирус, туку дека тоа е само грип“.

А, досега 5,9 милиони луѓе, официјално, се водат како заразени и заболени. Над 361 илјада се починати.

Во Русија има 380 илјади заболени, а во Бразил и над 440 илјади.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе