Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Фифа-гејт“: Поткуп за СП во Русија и Катар

fifg/BigStock.com

„Фифа-гејт“: Поткуп за СП во Русија и Катар

Јавното обвинителство во Њујорк има изготвено обвинителен акт за тоа дека функционери на Светската фудбалска организација (ФИФА) имаат примено милиони долари, како мито, за да гласаат кој да биде домаќин на последните две светски првенства – она што во 2018 година се одржа во Русија и за следното натпреварување – во малечката блискоисточна држава Катар, во 2024 година.

Уште од пред десет години, кога беа прибирани кандидатурите за овие два светски фудбалски собири и кога требаше да се одлучи кои две земји ќе ги организираат, американските и британските медиуми, пред се, но и европските, покренаа сомнежи дека работата може да биде наместена и дека во игра се „големи пари“ Русија и Катар (за прв пат секоја) да ја добијат организацијата за првенствата.

Гласови за пари

Кога ФИФА објави кои се организаторите, во светската фудбалска и друга јавност почна отворено да се зборува дека при гласањето на делегатите и при носењето на одлуките, имало нечесност и корупција. Што ќе рече – некои од делегатите биле поткупени за да гласаат за кандидатурата на овие две земји.

Меѓутоа, ова е прв пат досега правосудството на една земја (САД) која е членка на ФИФА да има обвинување дека гласовите за Русија и за Катар биле купени со пари.

Посебен гнев и неверување дека се било чесно е решението на Катар, земја во која практично и нема фудбал, каде нема никаква фудбалска традиција и освен што има многу пари од изворите на нафта, нема никаква фудбалска и друга инфраструктура за да се организира едно светско првенство, би можела да биде изборот, како подобар кандидат од понудите на Австралија, Јужна Кореја, или Јапонија што беа поразени при гласањето.

Според обвинителскиот акт, се обвинуваат три лица, функционери на ФИФА и една фирма.

Пет милион долари за Русија

Станува збор за Џек Ворнер, поранешен потпретседател на Светската фудбалска организација и екс претседател на Конкакаф (Фудбалскиот сојуз на Северна и Средна Америка и Карибите) кои се обвинува дека има примено пет милиони долари за да гласа за кандидатурата на Русија. Организацијата на СП на Русија и беше доделено на 2 декември 2010 година.

Освен Ворнер, во обвинителскиот акт се споменува и Рафаел Салгуера, екс потпретседател на Фудбалската организација на Гватемала, кој во време на гласањето пред десет години, бил и член на Извршниот одбор на ФИФА. За него се тврди дека има примено еден милион долари да гласа за руската кандидатура.

Главен противкандидат на Русија тогаш и беше Англија, која ја нема добиено организацијата на СП уште од 1966 година, кога земјата на фудбалот стана светски првак.

За Катар и за добивањето на организацијата на следното светско првенство, во 2024 година, њујоршкото обвинителство споменува многу повеќе лица. Сите тие се товарат дека имаат примено пари за да гласаат, според принципот – глас за пари!

Истраги во неколку земји

Во ова друштво на корумпирани се и првиот човек на фудбалската федерација на Бразил, Рикардо Тешеира, како и поранешниот претседател на фудбалскиот сојуз на Јужна Америка, Николаз Леоз кој, меѓутоа, не е обвинет затоа што почина минатата година.

Освен во САД, вакви истраги за корупцијата при гласањето кои ќе бидат домаќини на светските првенства во 2018 и 2024 година, се покренати во неколку други држави кои се сметаат за измамени и оштетени со нечесното гласање.

Американското обвинителство досега има обвинето 45 лица и сите тие се товарат дека биле дел од „Фифа-гејт“скандалот кој открива постоење на раширена корупција во светската фудбалска организација, делумно и во седиштето на ФИФА во Цирих, но многу повеќе на американскиот континент, пред се, во Латинска Америка.

Пресуда за 26 лица

Главниот во аферата, Џек Ворнер (78) се наоѓа и на листата на бараните лица во САД, но мали се изгледите дека тоа набрзо би можело се случи, затоа што сега живее во Тринидад и Тобаго, а од таму не може да биде екстрадиран.

Тој еднаш веќе беше и осуден, за давање гласови за пари, околу одлуката на ФИФА, организацијата на светското првенство во 2010 година, да ја добие Јужна Африка. Беше осуден во отсуство, минатата година, па сега мора да плати 79 милиони долари отштета и камата на Конкакаф.

Осуден е и Салгуеро, во 2018 година, на три години домашен притвор. Казната, меѓутоа, намалена затоа што има соработувано („пропеано“) со американското правосудство.

Бразилецот Тешеира, пак, и натаму живее мирно во Бразил и воопшто не размислува да им се предаде на американските власти.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе