Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Екстремисти и неонацисти во САД ќе шират Ковид-19

picguy001/BigStock.com

Екстремисти и неонацисти во САД ќе шират Ковид-19

Разни ултра-десничарски и екстремистички групи во САД, вклучувајќи ги и оние со неонацистичка идеологија, како и оние кои заговараат бела супремација, го поттикнуваат своето милитантно членство, НАМЕРНО да го шират смртоносниот Ковид-19.

Први на удар и цел на ваквите напади, би требало да бидат полицијата и припадниците на полициските сили, како и Евреите и локациите и објектите каде тие обично живеат и работат – јавува американската телевизиска компанија Еј-Би-Си, повикувајќи се на еден доверлив извештај на Федералното истражно биро (ФБИ).

Вирусот како оружје

Според овој материјал на Бирото, членови на разните вакви екстремистички групи се поттикнуваат, едни со други, за да го шират коронавирусот, користејќи го како оружје за напади. Тоа би требало да го изведат со користењето на телесните течности од заболени (заразени), преку личните меѓусебни контакти.

Оваа телевизиска компанија тврди дека ФБИ веќе има покренато тревога и операција за откривање на потенцијалните напаѓачи, а прва која се зафатила со оваа работа е единицата за антитероризам во Бирото во Њујорк, град кој засега е своевиден епицентар на пандемијата на тлото на САД.

Полицијата има пресретнато низа пораки на припадници на ваквите групи во кои им се сугерира на членовите да се вклучат во нападите врз полицајците, користејќи спрејови со телесни течности.

Во други случаи „уловени“ се пораки во кои се бара од ултра-десничарите, расистите и антисемитските групи таквите напади да ги извршуваат и врз Евреите, на места каде тие обично се собираат, вклучувајќи маркети, политички канцеларии, бизниси и молитвени домови, најчесто синагоги.

„Еврејски заговор“

Во ваквите пораки уште еднаш се користат теории за заговор, како оправдување за напади врз припадниците на американската еврејска заедница. Приказната што сега ја шират е дека токму Евреите „го имаат создадено коронавирусот и дека тоа го имаат направено намерно, за да може потоа да му продаваат вакцина на светот“.

Безбедносни експерти тврдат дека ваквите антисемитски пораки – целосно лажни и без основа – треба да се поттикне екстремната, милитантна крајна десница за да намерно го шири вирусот, интензивирајќи ја заразата и бројот на умрените, но и казнувајќи ги Евреите и безбедносните сили со кои војуваат.

Претставник на ФБИ има изјавено дека ваквите откритија покажуваат и предупредуваат дека сите вакви групи, нивното водство и милитантното членство ја користат сегашната глобална пандемија за покренување напади со овој вирус, пласирајќи ултра-десничарски теории, ширејќи дезинформации и лажни вести што се потребни за да имаат основа за нападите кои ги подготвуваат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе