Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Корона вирус има се уште на „Дајамонд Принцес“!

KHellon/BigStock.com

Корона вирус има се уште на „Дајамонд Принцес“!

Екипа од вирусолози и здравствени експерти го посетиле крузерот „Дајамод Принцес“ и на него откриле траги од коронавирусот, цели 17 денови откако и последниот патник и член на екипажот го напуштија овој брод за туристички патувања и крстосување по светските мориња и океани!

Со 712 заразени, како и со десет починати, крузерот останува на 40-то место меѓу над 160 држави во светот во кои има заразени од смртоносниот вирус.

Истрагата која била направена, открила дека се уште имало трага од вирусот во кабините од бродот.

Вирусот издржува подолго

Тоа покажува дека вирусот може да живее долго на цврсти површини што, според експертите, е сериозно предупредување – да не се брза со отворањето на баровите, пабовите, кафулињата и рестораните, како и на теретаните. Вирусот останува на тврдите површини многу подолго отколку што првично се мислеше, па заклучокот е дека доколку се избрза со повторното отворање на сега затворените објекти, би можело вирусот одново да избувне, со сета своја сила!

Во групата на овие опасни места, спаѓаат и бродовите-крузери кои, како што се покажа на почетокот од избувнувањето на глобалната пандемија, претставуваат локации на кои Ковид-19 се шири и брзо и мошне лесно, затоа што бројна маса од три, пет, до осум илјади луѓе се сместени на релативно мал, а затворен простор. Особено што преку овие бродови, односно преку патниците кои заминале дома, уште побрзо и на поголем простор, вирусот се раширува.

Патниците како пренесувачи

Целата истрага и анализата што е направена тргнува од ситуацијата на „Дајамонд Принцес“ кој беше оставен под карантин во јапонското пристаниште Јокохама, како и од онаа на крузерот „Гранд Принцес“ што стоеше неколку денови закотвен близу до брегот, кај Сан Франциско.

На првиот брод имало 712 зафатени со вирусот, од вкупно 3711 патници и членови на екипажот, или 19,2 отсто од вкупниот број луѓе.

На вториот крузер, „Гранд Принцес“ кој е помал од првиот, биле регистрирани 19 заразени членови на екипажот и двајца патници, кога првично биле тестирани, пред на бродот да му биде дозволено да пристане. Но истрагата покажува дека токму од него, вирусот се врзува за 78 други случаи, откако луѓето се симнале од бродот.

Експертската анализа врз која е правен овој текст, предупредува дека можеби првите тестови и контроли врз патниците од овие два брода не биле до крај изведени, или можеби не биле задоволени и сите потребни работи во вакви ситуации, за да се утврдат размерите на заразата и обемот на вирусот кој се „сместил“ на овој втор крузер.

Затоа експертите сметаат дека кај луѓето кои беа на него, се уште трае периодот на инкубација, па дека последиците (можеби) допрва треба да се очекуваат и да се видат, бидејќи вирусот дури тогаш би можело да пламне.

Спротивставени експерти

Случајот со „Дајамонд Принцес“, меѓутоа, е поинаков. Таму, 17,9 отсто од луѓето кои биле инфицирани воопшто не покажале ниту еден од типичните симптоми кои се врзуваат за коронавирусот и по што тој, на почетокот се препознава. Тимот од вирусолози кои биле на овој крузер се согласуваат дека овој вирус е атипичен, а такви се и неговите симптоми.

Нивната истрага, како и анализата што тие ја имаат направено е различна од студијата која се појави минатата недела во „Њу Ингланд Џорнал оф медсин“.

Според неа, коронавирусот останува „жив“ во воздухот неколку часови, додека на разни други површини – до три денови.

Тоа е многу помалку од укажувањето на експертскиот тим кој на бродот има најдено траги од вирусот цели 17 денови подоцна.

Низа земји, не чекајќи да поминат сите термини за карантинот (како САД и Италија, на пример) побрзаа да ги извлекуваат своите државјани од „Дајамонд Принцес“ префрлајќи ги на своја територија. Беше речено дека сите ќе одат во изолација – уште 14 денови.

Но, сега има мислења дека можеби се погрешило со таа евакуација. Проценката е дека таа (изгледа) била избрзана.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе