Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Хавана синдромот“ води кон Русија?

„Хавана синдромот“ води кон Русија?

Мистериозното заболување кое со години на ред ги погаѓа американските дипломати и оперативци на тајните служби,најверојатно, потекнува од Русија и е поврзано со тајната руска разузнавачка единица, позната по кодираното име „29155“.

Заболувањето е познато како „Хавана синдром“, затоа што прв пат беше регистрирано кај американските дипломатски претставници во Хавана, во Куба. Во 2016 година кога беа правени првите испитувања на болеста, тајните служби на САД заклучија дека -„малку е веројатно оти „Хавана синдромот“  е предизикан од надворешни непријатели“.

„Најсмртоносно акустично оружје“

Но, најновата истрага што ја има направено „Инсајдер медиум групата“ со седиште во Рига , укажува на тоа дека , сепак, има странска замешаност , односно, дека постои сериозна можност оти сето тоа е „руско масло“.

Според оваа група на неколку европски медиумски куќи, станува збор за специјална единица на руската разузнавачка агенција ГРУ. Сите припадници на единицата веќе биле наградени за- како што се вели- „развој и унапредување на најсмртоносното акустично оружје“.

Како и да е, во 2021 година, американскиот Конгрес усвои закон со кој на сите дипомати и разузнавачи кои биле и кои ќе бидат погодни со овој синдром,   ќе им се исплатува парична помош за лекување и како отштета.

Според она што се знае, заболувањето почнува со силни главоболки кои не се смируваат, а потоа се развива со вртоглавица и мачнина, а кај некои погодени од синдромот, доаѓа и до губење на слухот.

Над 200 регистрирани случаи

Тоа ги навлече американските медиуми да почнат со обвинување на Русија, образложувајќи го тоа со сознанието дека заболувањето за прв пат се појави во 2016 и 2017 година во Куба , каде Русија е силно инфилтрирана уште од времето на советскиот комунизам. Официјален Вашингтон, како и еазузнавачкте агенции, меѓутоа, останаа на тврдењето дека немаат докази за тоа.

Москва од своја страна ги отфрлаше ваквите обвинувања , а тоа го има направено и сега, по сознанијата на независната медиумска група. Портпаролот на Кремљ има изјавено дека нема дадено никакви докази за едно вакво тврдење.

Колку што се знае, низ светот досега се регистрирани над 200 случаи во кои Американци – дипломати и оперативци на ЦИА и на другите служби- биле погодени од „Хавана синдромот“  што го натера Стејт департментот да објави дека интензивно се работи на испитувањето на целата оваа ситуација, со абнормалните здеавствени случаи, секаде каде се реистрирани.

Напад со енергија

Тоа е започнато со Куба, каде беа регистрирани 50 вакви случаи, не само врз Американците, туку и врз канадските дипломати во Хавана.

Сега се следи секоја ваква појава , која повремено се јавува во разни делови од светот. Пред извесно време беше откриен таков случај во мисијата на САД во Колумбија, непосредно пред да допатува државниот секретар Ентони Блинкен. а последно поголемо случување е регистрино во Виена, во 2021 година.

Во тогашниот инцидент  во австрискиот главен град, беа повредени и деца, па сите мораше итно да се префрлат во САД на  исптување и лекување. Тогаш беше констатирано дека ,веројатно, станува збор за т.н. насочена радио фреквенција.

Американската  академија на  науките, во меѓувреме, има објавено дека оштетувањата во пределот на главата, како и на мозокот  што ги имаат претрпено американските дипломати ( на Куба)  веројатно е резултат на „некоја форма на насочена енергија„ односно дека тоа било „напад со енергија“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе