Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Казнет свештеникот од опелото за Навални

Казнет свештеникот од опелото за Навални

Поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот Кирил го казни рускиот свештеник Димитриј Софронов, само затоа што одржа опело на погребот на Алексеј Навални,  опозиционер и најостар критичар на Владимир Путин и на неговиот режим.

Навални почина во февруари, на 47 годишна возраст,  под крајно мистериозни околности, како осуденик на казна затвор од 19 години , во затворенички логор сместен во арктичките делови од Сибир.

Смрт во затворенички логор

Таму беше префрлен откако претходната пресуда од девет години, властите , ја зголемија за уште десет. Беше префрлен и сместен во мошне тешки и сурови климатски услови , нездрави за секој човек , а посебно за некој веќе беше болен кој поминал низ долго опоравување .

Здравјето  му беше сериозно нарушено, по извршениот атентат врз него , некоја година пред тоа, со помош на убиствениот нервен агенс Новичок.

Патријархот кој е силен сојузник и подржувач на режимот и кој од почетокот ја брани и ја благословува руската инвазија врз Украина, му забранил на свештеникот да ја извршува свештеничката работа- во следните три години.

Деградираќи го со забрана да носи мантија и крст- што театрално му биле одземени.

Деградација со одземање на крстот

Софронов ја одржа  верската служба на погребот на Навални, придружувајќи ги членовите на семејството  на кои им беше дозволено да се појават и да присустрвуваат, а во март годинава,  беше на  поменот за смрта на опозиционерот, кога има одржано опело над неговиот гроб.

Овој свештеник, на руската ( продемократска ) јавност и е познат како еден од потписниците на писмото, упатено до властите на Русија. Со него  се бара мртвото тело на Навални да им биде дадено на семејството, како и да се дозволи  да биде погребан според православните христијански обичаи.

Сето тоа се случуваше , затоа  што  режимот долго време после смрта , одбиваше да го прикаже телото, а потоа не дозволи дури и мајката на Навални да го види мртвиот син.  Со денови, не и беше дозволено  да го земе неговото тело – за да биде погребено.

Патријархот во служба на Кремљ

Според определената казна издадена од Кирил , на  свештеникот му било дозволено повремено да може да служи во други, помали цркви, надвор од Москва и да прифати постојано да го надледуваат неговото однесување. После три години Софронов би можел да биде и набркан од РПЦ, ако властите утврдат дека не се однесувал како што требало.

Рускиот патријарх кој одлуката, сигурно, ја има донесено по барање на Кремљ , каде изгледа дека и по смрта, стравуваат од Навални, се има претворено во орудие на путиновиот режим.

Неодамна тој прво ги благослови сите операции на руската војска против Украинците, а потоа бруталната војна во Украина ја означи како „света војна“ за спасување на Русија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе