Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Болест, прељуба или „синдром Дијана“

Болест, прељуба или „синдром Дијана“

Од после Нова Година , британската, но и европската јавност настојува да разбере каде е принцезата од Велс- Кетрин (Кејт) Мидлтон , идната британска кралица и сопруга на принцот Вилијам.

Уште во јануари беше објавено дека врз неа била извршена операција на абдоменот, а потоа и дека (после две недели) во болнички кревет таа се вратила дома- на постоперативно опоравување. Од тогаш , популарната принцеза-  се нема ниту појавено, а ниту огласено.

Нагаѓања и шпекулации

Обидот  на службената резиденција Кенсингтон Палатата , со објавување семејна фотографија на Кејт со нејзините три деца, која (наводно) ја има направено Вилијам, да се смири интересот на јавноста – заврши со вистинско фијаско.

Водечките светски агенции ја објавија, па веднаш ја повлекоа сликата, откако открија дека таа не е оригинална, дека е „доработувана“ и тоа крајно нестручно, сомневајќи се дека  веројатно  станува збор за  фотомонтажа.

Тоа откритие и посебно признанието на самата принцеза дека таа е „виновна“ за тоа, наместо смирување, предизвика вистинска лавина од коментари во лондонските и светските медиуми и посебно на социјалните мрежи- со  бројни нагаѓања и  шпекулации за тоа што се случува со Кејт- и за тоа каде е таа.

Дали  е навистина (тешко)  болна , но и за тоа дека  станува збор за длабока криза во семејството. Поврзано со  нејзиниот брак со Вилијам, односно дека таа е само жртва на „синдромот Дијана“- нејзината почината свекрва – од годините додека беше во брак со Чарлс, како и потоа, како разведена принцеза.

Операција и психичка криза

Најмногу и најчесто се зборува дека принцезата е   „посериозно болна“ и дека било што да се интервенирало во пределот на абдоменот . со хирушката интервенција, досега ќе требаше да се санира, ако веќе се тврди од почетокот дека не е канцер.

Но, сега се зборува дека таа, извршила „некаква естетска операција“  и дека по таа интервенција,  во постоперативниот период,  се појавиле компликации, па дека Кејт затоа не се појавува во јавноста.

Има и анализи дека принцезата, всушност, има психички проблеми, дека е можно и таа да минува низ состојби за кои се тврдеше дека има поминато и мајката на Вилијам, принцезата Дијана.

Ваквата претпоставка се објаснува со тајноста со коа е обвиена  нејзината здравствена состојба и со целосното отсуство на лекарско и стручно објаснување од било кого од лекарите кои се грижат за кралското семејство.

Неверство на Вилијам

Во медиумите се прават споредби за состојбата со и околу  принцезата и „менталната болест“ која и се припишуваше на Дијана. Тоа сега се користи за се означи како  „чудно и несвојствено “  за еден Вилијам , однесувањето  на  сопругот на Кејт  кој (велат) се  има загубено во изминатите 2,5  месеци.

Ниту еднаш не огласувајќи за се она што се случува и зборува за сопругата. Напротив, се вели дека тој со своето  однесување само придонесува за ситуацијата која е создадена.

А, сето тоа заедно- „психичката криза“ на принцезата и „изгубеноста“ на сопругот – се врзуваат за прељубата на Вилијам и за тоа дека и бел неверен на Кејт, која поради тоа ( како мајка му на времето) има предизвикано голема криза во нивниот брак и изолација на принцезата- додека не се смират работите.

Токму сега, лондонски „Индепендент“ пишува за британската војвотка – маркиза од Чолмондели- Сара Роуз. Односно дека таа е „мистериозната „ жена- љубовница на идниот британски крал.

Синот како таткото

Текстот има предизвикано бранување во британската јавност – со коментари дека   синот (Вилијам) тргнал по стапките на таткото ( Чарлс ). Според наводната традиција  дека принцот од Велс – морало да има љубовница. Па,  затоа  се смета дека нема никаква болест на Кејт, туку дека таа и Вилијам се пред развод. Тоа требало да објасни зашто принцезата ја нема во јавноста, а  никој од кралското семејство не реагира.

Сара Роуз (39), инаку,  порано има работено за конзервативниот пратеник и министер Мајкл Гоув . Таа  е поранешна манекенка и фото модел која сега е само мајка на три деца која води грижа за огромниот имот на сопругот – седмиот по ред маркиз од Чолмондели, во кој доминира дворец од 106 соби.

Не е прв пат, таа да се врзува за Вилијам , откако изминатите години секогаш беше во центарот на вниманието со својата истакната гламурозност на сите кралски свечености во Бакингамската Палата. Велат дека таа е сосема спротивна од она како се однесува и како се облекува Кејт Мидлтон.

Кејт пуштена низ вода ?

Во секој случај, низ реакциите и коментарите се забележува дека (прв пат) се критикува и се осудува Вилијам, пред се, затоа  што ја има оставена сопругата сама да се снаоѓа во сите овие шпекулации. Особено го критикуваат што тој, наместо Кејт, не застанал зад инцидентот  околу „доработивањето“ на сликата.

Се смета дека Чарлс не би дозволил соругата Камила самата да и се извинува на јавноста за нешто за што- сега-  се помалку луѓе веруваат дека Кејт самата го има направено. Затоа што  се смета дека и сликата и преправките се дело на кабинетот на Вилијам. Истиот за кој се тврди дека ги има ширено вестите  со кои се клеветеа Меган Маркл и принцот Хари.

Конечно, како круна на сето ова се сметаат протурените вести дека Кејт ( наводно) имала  врска со извесен Томас Кингстон. Целата оваа интрига станува поголема откако ќе се разбере дека  тој порано бил во љубовна врска и со Филипа (Пипа) Мидлтон, сестрата на принцезата од Велс, а сега е починат- под мистериозни околности. Наводно се самоубил.

(Д.Л.)

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе