Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„За пет години нема да постоите“

„За пет години нема да постоите“

Главната пропагандистка на Кремљ и на Владимир Путин, Маргарита Симонијан, позната како една од најгласните потикнувачи на војната против Украина, заговарајќи уште пожестоки и поубиствени напади за казнување на „непослушните Украинци“- сега во истиот таков тон им се закани и на Ерменија и на Ерменците.

Таа е главен уредник на пропагандистичкиот ТВ канал Раша Тудеј (РТ) познат по пласирањето  дезинформации , лажни вести и полувистини- не само за војната-  сервирани од Кренљ, туку и за Западот и посебно за ЕУ.

Но, таа  важи и за исклучително блиска до Путин, чија политика ја пропагира, уште пред таа да се озваничи, а тој ја користи за испраќање заканувачки пораки кон поранешниот „советски свет“ што сега се промовира во „руски “.

Закани на Кремљ кон Ерменија

Од таквата позиција и со статусот што го има во рускиот  режим, изјавите на  Симонијан се примаат како пораки на Кремљ и на самиот претседател. Таа пред извесно време праќаше заканувачки пораки кон Молдавија, за нејзините европски амбиции , користејќи ја енклавата Придњестровје.

Сега, оваа Ерменка по потекло , која себе си се смета за Русинка,  се нафрли и врз „нејзината“  Ерменија , откако владата во Ереван се определи (за прв пат) да го замрзне своето учество во  Договорот за колективна безбедност (на екс советските републики), што во Москва се третира како руски пандан на НАТО.

На еден  политички собир во Краснодар, Симонијан остро го критикувала ерменскиот премиер Никола Пашанијан, заканувајќи се дека  судир на Ерменија со Русија (околу безбедносниот договор) нема да трае  долго, затоа што – “таа земја, едноставно, ќе ја снема во рок од пет години“.

Според оваа пропагандистка и потикнувач на воени  судири,  Ерменците мора да разберат дека Пашанијан е “ обичен предавник на ерменскиот народ“ и дека мора да се тргне од власта.

Ереван гневен на Путин

„Доколку гласачите и понатаму ќе го подржуваат Пашанијан, Ерменија нема да ја има во следните пет години. Исто онака како што го снема и Нагорно Карабах, во облик каков што сакаа Ерменците“- има речено Симонијан, порачувајќи и на владата во Еревен дека – „Ерменија воопшто нема да постои“.

Очигледно е дека Кремљ е гневен на Ерменците по одлуката на ерменската влада во врска со замрзнувањето на учеството во безбедносниот договор, иако официјален Ереван соопшти дека тоа не значи и повлекување на земјата  од договорот, што му е мошне важен на Путин, за да може да  ги држи под контрола поранешните советски републики.

Особено сега после хаваријата во Украина и кандидатскиот статус во ЕУ на Киев и на Кишинев.

Но, Ерменците се гневни и длабоко разочарани во Русија и посебно во Путин во врска со Нагорно Карабах, оставајќи ги Азербејџанците, со подршка на Турција да се вшетаат во некогашната ерменска ( православна) енклава на азербејџанска територија.

Кавга за губењето на Нагорно Карабах

Гневот е потикнат   затоа што се покажа дека на Кремљ  му е поважен договор и соработка со ердоганова Турција, отколку зачувувањето на Карабах под ерменска контрола- онака како што тоа го посакуваа Ерменија и ерменската јавност.

Во една прилика, премиерот Пашанијан изјави дека е длабоко разочаран и се чувствува  изневерен од непокренувањето  никаква акција од страна на „руското НАТО“. Според него, требаше да се застане на страната на Ерменија и  да се заштитат интересите на една земја членка. Затоа што земјата беше  во судир со една соседна земја -Азербејџан, која, инаку,  не е дел од Договорот за колективна безбедност.

Ерменците инсистираат дека морале да му се помогне на Еревен, затоа што овој безбедносен договор има  клаузула, слична на член 5 од НАТО- дека ако биде нападната некоја од земјите членки , другите треба да и помогнат. Тоа во овој случај, изостана, велат,   само затоа што Русија така сакаше.

Соборување на ерменскиот премиер?

Москва има своја база на ерменска територија, но војската остана во касарните .Дури не помагајќи им луѓето-бегалци, во егзодусот на Ерменците, кога  сите преостанати 100 илјади избегаа во Ерменија- не сакајќи- како што велат-  да останат во азербејџанската ( муслиманска) држава.

Наместо очекуваната подршка, или барем рабирање за ерменската ситуација, Кремљ се определи за игноранција, а потоа за напад врз ерменскиот премиер и за негова  јавна  дисквалификација. Од Москва   и било наложено на Симонијан таа да открие дека Москва и предлагала на ерменската влада  ( во договор со Турција),  да прифати сосема поинаков статус за Нагорно Карабах.

Кога  Ерменците не го прифатиле , уследила  казната. Прво, со   неактивноста на безбедносниот сојуз,оставајќи ја Ерменија сама,  а сега и со јавниот повик на пропагандистката на Кремљ- да се собори премиерот Никола Пашанијан- како “предавник“ на Ерменците.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе