Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Руската пропаганда преку Србија во регионот“

„Руската пропаганда преку Србија во регионот“

Џејмс Рубин, висок функционер на американскиот Стејт департмент изјави дека Србија се претвори во „влезна точка за навлегување на руската пропаганда во Западен Балкан“.

Рубин кој годинава престојуваше во регионот, смета дека сега – најголем проблем на овој план е Србија, односно тоа што оваа земја се има претворено во своевиден портал на Русија  на Западен Балкан, иако американскиот дипломат има речено дека и Кина ја следи на тој план- настојувајќи да стане сопственик на регионални медиумски компании.

Белград контра политиката на ЕУ

Според Рубин кој добро ги познава приликите на Балканот, како функционер на американската дипломатија уште во деведесетите години на 20 век, кога Стејт департментот го предводеше Медлин Олбрајт, се осврнал на блискоста на Белград со Москва. При тоа, тој посочил дека Србија е единствената држава во регионот која ги нема укинато програмите на руските пропагандни гласила- Раша Тудеј и агенцијата Спутник.

„Не ми е јасно како тоа размислуваат во Белград да ги одржуваат овие програми и да влзеат во ЕУ– рекол Рубин , кога тоа е во спротивност со политиката и со определбите на Унијата во меѓународната политика, со која земјите членки и државите кандидати треба да се ускладуваат.

На почетокот од инвазијата на Русија против Украина,  сите земји од ЕУ ги угасија програмите на овие медиуми, откако тие веднаш по агресијата од 22 февруари 2022 година, се претворија во пропагандно оружје на Кремљ и на Москва.

Блискост на јазиците во  соседството

Во  Србија, меѓутоа, Раша Тудеј и Спутник емитуваат програма и на српски јазик, што значи дека отровната провоена пропаганда  на Москва – преку Србија се пренесува во сите земји во српското соседство, а благодарејќи на  блискоста на јазиците, се раширува брзо и лесно низ Западен Балкан, објаснил овој американски дипломат.

Тоа посебно се однесува на српските соседи од земјите од екс Југославија, во кои населението го зборува, или го разбира српскиот јазик.

Сето тоа во Белград се толерира , иако е добро познато дека ЕУ се определи на еден ваков чекор , откако стана јасно дека веднаш по инвазијата, овие медиуми , во изминатите безмалку 20 месеци, станаа средство на Москва за ширење лажни вести  и дезинформации.

Изјавата на Џејмс Рубин доаѓа по претгодните коментари на Мануел Сарацин, специјален германски пратеник за Западен Балкан, дека проруската пропаганда ја одалечува Србија од ЕУ. Посебно кога станува збор за договорот меѓу Белград и Приштина.

Москва не сака мирно решение

Во таа прилика Сарацин има речено дека е „јасно оти Русија не сака , а нема ниту интерес за мирно решение на косовското прашање.

А, тоа според овој германски дипломат, го прави  не за да се подржува Србија- како што тоа и се зборува на српската јавност- туку за да ја тера ЕУ постојано да се занимава со судирите околу Косово и притоа да се поткопува европската перспектива на целиот Западен Балкан.

Според Сарацин, во регионот и на северот од Косово, Москва дејствува и сама, не само преку Србија, но  факт е дека руската пропаганда лесно ја минува српската граница. Пред се во БиХ и во Црна Гора, но и во Македонија, преку блискоста на српскиот и македонскиот јазик, продавајќи го русофилството, наспроти  силната проевропска определба на владата во Скопје.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе