Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Аргентина со инфлација од 126 отсто

Аргентина со инфлација од 126 отсто

Главниот плоштад во Буенос Ајрес, место на кое Аргентинците се собираат за да протестираат, или да прославуваат, како титулата светски фудбалски првак, сега е локација на која  се собираат голем број сиромашни луѓе за да добијат бесплатен топол оброк.

Ваквата неприлична слика за земјата која е членка на групата Г-20, а од неодамна и е понудено место и во групата БРИКС, е последица на новата економска криза со која се соочува Аргентина. Оваа јужноамериканска земја се соочува со инфлација од над 126 отсто- на годишно ниво.

Зголемување на сиромаштијата

Тоа ја има зголемено сиромаштијата меѓу аргентинското население, која  сега официјално, изнесува над 40 отсто, со која се опфатени над 12 милиони лица. Колку за споредба, на крајот од минатата година процентот на сиромаштијата во земјата изнесуваше околу 39 отсто.

Во исто време, Аргентина никако не успева да ја смири и да ја намали рецесијата , соочувајќи се во исто време и со се помалите девизни резерви во државната каса, што уште повеќе ја усложнува положбата во која се наоѓа земјата.

Сериозната криза во Аргентина се случува во време непосредно пред изборите, закажани за 22 октомври,

Се очекува годишната стапка на инфлацијата да се искачи до 170 отсто до крајот на оваа година, а тоа со сегашната состојба силно да повлијае врз исходот на изборите, на кои би можело да се случи довербата да ја добијат сосема маргинални политичари.

Длабока општествена поларизација

Прогнозите се дека актуелната, перонистичка, центално-левичарска влада нема да успее да ја задржи власта и покрај низата популистички потези.

Нејзиниот кандидат  Серхи Маса , сегашен министер за економија ,затоа,  би можело да доживее  пораз од ултра-десничарскиот кандидат Хавиер Милеј, популист на десницата кој вели дека е обожувач на Доналд Трамп и на неговата политика.

Во игра е и конзервативната политичарка Патриша Булрих, но засега, малкумина веруваат дека таа би можела да ги изненади главните претенденти од левицата и крајната десница. Сепак, анализите укажуваат на тоа дека без разлика на победникот, ќе уследи  натамошна поларизација на аргентинското општество.

Ова, инаку,  не е прв пат, оваа голема земја во Јужна Америка да биде во длабока криза и да се соочува со ново банкротство. Засега таа варијанта никој не сака да ја споменува.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе