Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Санкции за Србија за Бањска ?

Санкции за Србија за Бањска ?

Неколку денови по вооружениот судир меѓу косовската полиција и српска тешко вооружена група напаѓачи, за кои се почесто се зборува како за терористи- во реонот на селото Бањска, во оптината Звечан и во во Приштина, ситуација е мирна, но посматрачи од теренот зборуваат за крајно напната атмосфера и за уште повеќе зголемена недоверба меѓу косовските Албанци и Срби.

Во меѓувреме, косовскиот премиер палеше свеќи за убиениот полицаец,  вети дека владата ќе ги поправи оштетувањата на манастирската зграда, а властите ослободија четворица од шестмината заробени и уапсени косовски Срби, осомничени дека биле дел од терористичкта група.

Во Белград, меѓутоа,  продолжува молкот околу тоа кој стои зад најсериозниот и најопасниот инцидент во Косово, по повеќе од една деценија. Никој од властите не се огласува- ниту премиерката, ниту министерот за внатрешни работи, ниту државната безбедност. Нема вонредна седница на владата, ниту заседание на Парламентот.

Шефот на БИА на гробот на Исус

Освен што претседателот на Србија отфрла секаква поврзаност на државата со напаѓачите, а воинствениот шеф на дипломатијата се правда дека „никој не знаел“ за она што се случи на северот од Косово.

Шефот на тајната служба (БИА), пак,  контроверзниот Александар Вулин, три денови по вооружениот судир – е виден во Ерусалим , како со своето обезбедување го посетува-  гробот на Исус Христос.

Властите во Белград одбиваат да зборуваат за случувањата во неделата- кога од три часот по полноќ до доцна вечерта истиот ден- се водуваше кај манастирот во Бањска, каде групата терористи држеше заложници. Но, затоа наредија и спроведоа ден на жалост ( за убиените напаѓачи)-  во Србија, во четирите српски општини на северот од Косово, каде живеат 50 илјади локални Срби, како и во српската енклава во БиХ.

Два дена по борбите, меѓутоа, од Брисел медиумите пренесоа изјава на европски дипломати дека – на министерскиот состанок за надворешна политика,  некои земји членки на ЕУ побарале санкции за  Србија, доколку се докаже дека официјален Белград стои зад вооружениот напад.

Не се открива кои се тие земји, но тоа покажува дека Унијата полека го губи трпението со српските власти- посебно- за ситуацијата во и околу Косово.

Арсенал од српско оружје

На таа тема се осврнува и лондонски „Гардијан“ кој потсетува дека властите во Приштина прикажаа цела низа (заробено) модерно вооружување на српската вооружена група- дементирајќи ги објаснувањата на српскиот претседател дека вооружениот бунт (на локалните Срби) бил безмалку спонтан. Луѓето, наводно, не можеле повеќе да го „поднесуваат теророт на (Албин) Курти.“

Во тоа никој не верува, дури ни добар дел од српската јавност, затоа што меѓу заробеното оружје има и две оклопни возила од српско производство , минофрлчи и лансер на гранати, произведен во српската фабрика за оружје „Застава“ , при што  косовските власти нудат и документи дека сето тоа било испорачано од српската војска.

Властите во Приштина уште и тврдат дека водач на групата напаѓачи бил Милан Радојчиќ, српски политичар од Косово, заменик лидер на партијата Српска листа, крајно сомнителен бизнисмен, кој важи за човек од доверба на Александар Вучиќ. Во неколку прилики, претседателот  го има означено како „бранител на српството и на Србите во Косово“.

Кончно, според косовските власти, меѓу тројцата убиени во пресметката со полицијата, се наоѓа и еден поранешен  телохранител на шефот на БИА, кој е под санкции од САД и Британија.

Приштина го обвинува Белград

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, во изјава за „Гардијан“ рекол дека групата е дојдена од Србија, дека сите таму се обучувани и дека  таму се финансирани и вооружувани. Според него, целта  на групата била да се освои територија од Косово, преку која би се отворил нов канал за комуникација и пат на Србија до Косово.

Од своја страна, Србија сето тоа го демантира, не објаснувајќи – од каде толку многу оружје на група за која косовските власти тврдат дека била врзана за партијата Српска листа, чиј (практично) лидер е почесто во Белград, отколку во Косово- меѓу својот народ.

На тоа , српскиот претседател, во друштво на рускиот амбасадор во Белград ќе објасни дека – „Курти спроведува етничко чистење“- необјаснувајќи зашто такво чистење нема на југот од Косово, каде исто така живее исто толку српско население.

Судирот се случи во моменти кога преговорите за нормализација се блокирани, откако Александар Вучиќ продолжи  да зборува дека „никогаш нема да признае независно Косово“- иако тоа никој од него не го бара. Но, затоа , со ваквата изјава му даде материјал на Курти да одбива создавање на полуавтономна заедница на српски општини.

План за поделба на Косово?

Она што сега го прават ЕУ и САД е да утврдат дали Белград е замешан во вооружениот напад на правоената единица и над се, да се разбере, нејзината мисија.

Лондондкиот весник, сепак, верува дека сценариото со Бањска било- да се предизвика вооружен судир , за да може војската на Србија да навлезе во Косово- за да го заштитува српскиот народ- и практично- да се изнуди поделба на косовската територија. Станува збор за еден стар план на Ивица Дачиќ,  од пред четири години, што тој го правеше со тогашниот косовски претседател Хашим Тачи .

Планот на Белград пропадна затоа што се спротивставија од ЕУ и земјите од регионот на Западен Балкан, но не и администрацијата на Доналд Трамп и Русија , предизвикувајќи веднаш гневна реакција на тогашниот (и сегашен) министер за надворешни работи на Србија.

Затоа за Западот сега е важно да се утврди дали српската страна била директно замешана во акцијата на паравојската.

Паравојници славени како херои

Во тој случај, не само што  би се изменил пристапот кон преговорите и кон  Белград, туку сигурно е дека Србија би била санкционирана . На таа линија е и претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија Соња Бисерко.

Таа за „Гардијан“ има речено дека операцијата во Бањска ја „ има преминато црвената линија, која  Западот не може да ја толерира, без разлика дали Србија е замешана, или не“. Според Бисерко, јасно е дека  операцијата, сепак, не ја има испровоцирано Курти, како тоа се тврди во Белград, а дека косовската полиција покажала професионалност“.

Слично размислува и Едвард Џозеф, поранешен  заменик шеф на ОБСЕ на Косово, кој има речено дека ако е замешана Србија, сигурно е дека САД ќе го преиспитаат односот кон регионот- а над се- ќе се откажат од тоа да ја култивираат Србија на Вучиќ, како американски партнер.

Во секој случај, неутрални аналитичари  укажуваат дека наредните недели ситуацијата во Косово ќе остане напната. Се смета дека случајот Бањска не е завршен, кога паравоени борци-терористи се третираат како херои и се жали по нив. Во таквата атмосфера ( во Србија) треба да се очекуваат уште такви „херои“.

(С.Г.)

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе