Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска ја запре испораката на оружје за Украина

Полска ја запре испораката на оружје за Украина

Владата во Варшава соопшти дека ја запрела испораката на (старо советско) оружје за Украина, продлабочувајќи го на тој начин неогласувањето со Киев околу украинското жито. Ваквата одлука доаѓа непосредно по решението на Европската комисија ( и на целата ЕУ) со исклучок на орбанова Унгарија и Полска- до го продолжи увозот на жито од Украина, до крајот на оваа година.

Во владиното соопштение уште e речено дека наместо да и се помага на украинската борба против Русија, полската страна сега ќе се насочела кон обезбедувањето модерно оружје за сопствената одбрана.

Варшава лута на Зеленски

Полска досега на Украина и има испорачано 320 тенкови, од времето на некогашниот СССР, како и 14 советски авиони Миг-29. Според извори од Варшава, за испорака и за задоволување на првичните барања од Киев, има останато уште малку- главно муниција и опрема.

Полска е налутена од говорот на Володмир Зеленски во Генералното собрание на ОН во кој ги има критикувано Унгарија и Полска, но и Словачка затоа што ја продолжија забраната за увоз на украинско жито. Според Зеленски- застрашувачки изгледа како некои европски партнери се поигруваат со солидарноста во политичкиот театар, правејќи трилер со пшеницата.

Полскиот премиер Матеуш Моровјецки побрза да возврати дека – „Полска од почетокот на варварската инвазија врз Украина“ е на страната на Киев. Според него, Полска нема да ја остави Украина сама во нејзината војна со Русија, но дека нема да прифати дестабилизација на полскиот пазар со пшеница, од увоз.

Заострена реторика

Моровјецки објаснил дека ниту испораката на оружје целосно не запира, затоа што на пат за Украина се артилерски орудија од полско производство.

Локални аналитичари тврдат дека власта во Варшава ја заострова реториката кон Европа, па и кон Украина се повеќе како се приближува 15 октомври, кога се превидедни парламентарни избори на кои националистичката и десничарска партија Право и Праведност настојува да добие уште еден мандат за себе.

Главнината на гласачкото тело се конзервативните гласачи во полските рурални  средини- земјоделците и фармерите-  на кои владата на Моровјецки им дава богати субвенции.

Од порано, кога стана јасно дека Киев нема да добие едногласна согласност за своето жито од сите во ЕУ, Варшава почна да ги потегнува  т.н. нерасчистени  „историски прашања“во односите со Киев,  барајќи од Украина да признае „геноцид“ врз Полјаците во текот на Втората светска војна.

Во функција на изборната кампања

Намерата е  на тој начин да ги задоволи апетитите и барањата на националистите меѓу полските гласачи и тоа  има исклучиво политички цели- како дел од предизборната кампања на владеачката партија.

Во Киев и во Брисел , затоа, се тврди дека Унгарија и  Полска,  нема да ја сменат одлуката и нема  да го либерализираат увозот на украинското жито.

Но, Словачка е во преговори со Киев и се вели дека на повидок е договор. Бугарија, пак,  која на почетокот најавуваше дека во врска со украинското жито ќе ги следи Будимпешта и Варшава, подоцна го смени мислењето, па бугарскиот Парламент, со големо мнозинство застана зад одлуката на Брисел и на  мнозинството од земјите- членки на ЕУ.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе