Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Нема веќе евтини авионски летови

Нема веќе евтини авионски летови

Франција која во седумдесетите години на 20 век прва во Европа почна со користењето на брзите возови (ТГВ) , сега на ЕУ и предлага целосна ревитализација на железничкиот сообраќај, со враќање на возовите и откажување од патувањето со авион.

Владата во Париз, заговара оданочување на авионскиот сообраќај, како и воведување систем на минимална- најниска цена- на авионските карти , со што би се елиминирале т.н. нско буџетски авионски летови.

Најниска цена за авиобилетите

Францускиот министер за сообраќај Клемен Боне изјави дека во „сегашното време на еколошка криза, веќе не е изводливо да се купуваат авионски арти кои чинат 15 евра“. Тој смета дека ваквиот систем  ( на најниска цена на картите) може да стане применлив не само во Франција, туку и низ целата ЕУ.

Ваквата вест со силно одобрување е примена од еколозите, особено откако се откри дека во претстојниот француски буџет се предлага да се одделат 130 милиони евра за вложување во инфраструктурата на тамошниот железнички сообраќај.

Парите за оваа намена се предвидува да се обезбедат со зголемувањето на даноците за авионските компании . Во тие рамки Париз сугерира да се активира ножниот воз од францускиот главен град до Берлин , што би сообраќал три пати во неделата, по цена од само 35 евра во еден правец.

Нема авион ако има пруга

Ваквата француска замисла доаѓа откако Париз пролетва донесе закон со кој се забрануваат авионски летови на дестинации , помали од 2,5 часови патување, каде постојат железнички линии. Оваа своја (еколошка) мерка Франција  сега сака да и ја „продаде“ и на Германија , каде веќе е воведено неограничено патување – со било кој јавен превоз- за  60 евра месечно , вклучувајќи ги и меѓуградските возови.

Министерот Боне во изјава за медиумите потврдил дека ЕУ сака да ги зголеми даноците за приватните авиони , од кои најголемиот број летаат над француското небо, на пат за Медитеранот.

Франција, од своја страна, заговара зголемување на даноците за целиот авионски превоз кој сега е практично неоданочуван, вклучувајќи ги и авионските карти,  па на тој начин да го направи летањето многу поскапо од досега и да го изедначи со железницата, или дури да стане и поевтин.

Протест на авионските компании

Сите овие законски потези и мерки имаат за цел да се намали емисијата на јаглендвооксидот во атмосферата.

Во Париз велат дека  овие сугерирани мерки, на ниво на ЕУ, би можеле да одат побаво , бидејќи за секоја од овие одлуки е потребен консензус и согласност на сите 27 члени на Унијата, а таму веќе има редовни „кочничари“- како Орбанова Унгарија, или и Полска повремено. Но,  за ова ќе треба согласност и  на земјиѕе од т.н. Шенген простор кои не се дел од Унијата.

Како и да е, оваа радикална промена предизвика спротивставување на француските авионски компании кои бараа помош од Судот на Европа, по донесувањето на законот- да нема авионски летови, ако постојат железнички линии. Но, не добија подршка.

Судиите во Стразбур оценија дека во овој случа не станува збор за државна заштита и за свовидно субвенционирање на железницата, затоа што станува збор за исклучителни околности- спасување од влијанието на климатските промени.

Воз или авион

Статистиката покажува дека во Франција, на пример,  50 отсто од летовите отпаѓаат на 2 отсто од француското население. Во Британија, пак, 15 отсто од Британците резервираат авионски карти на 70 отсто од авионските летови, додека само осум отсто од Холанѓаните, сочинуваат 42 отсто од патниците во авион.

Конечно, картата за патување со воз е поскапа за два до пет пати, во споредба со авионската карта ( кога станува збор за нискобуџетските летови) , а авионите се повтини од возовите меѓу седум и десет пати. Сето тоа поради неединствениот начин на оданочување на двата вида сообраќај.

(П.Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе