Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Децата на Роман Абрамович со литвански пасоши

Децата на Роман Абрамович со литвански пасоши

Децата на рускиот олигарх Роман Абрамович имаат пасоши на Литванија- соопшти министерството за внатрешни работи на оваа балтичка држава, потврдувајќи ги на тој начин откритијата на една локална новинска, истражувачка агенција.

Според сознанијата на оваа агенција , најмалку две од децата на олигархот – мошне близок човек на Владимир Путин- се литвански државјани. Станува збор за земја која е еден од најострите критичари на власта во Москва и на инвазијата врз Украина, како  и земја во која се пребегнати низа руски и белоруски дисиденти и противници на тамошните власти.

Префрлање на имотот врз децата

Во објаснувањето на МВР во Вилнус, се посочува дека децата станале Литванци, според државјанството, додека претставник на министерството изјавил дека се испитува дали и други членови на семејството на Абрамович се државјани на Литванија и поседуваат пасоши на оваа земја.

Европски медиуми, пак, пишуваат дека на почетокот од оваа година, лондонскиот весник „Гардијан“ има покренато своја истрага за рускиот олигарх, кој до војната во Украина беше  жител на Велика Британија, но истрага и за неговото семејство.

Весникот открил дека непосредно пред руската агресија врз Украина-по што беа воведени санкции , кои го погодија и овој олигарх, тој на своите деца има префрлено дел од својот голем имот.

Службата за миграција на Литванија, во меѓувреме откри дека државјанство на децата им било дадено врз оснива на потеклото на Абрамович.

Олигархот со литванско потекло

„Бабите и дедовците  потекнуваат од  литванскиот регион Татраж, па затоа, врз основа на домашните закони,  Абрамович и неговите деца, па дури и неговите родители, имаат право да побараат и да добијат литванско државјанство“- има изјавено претставник на оваа служба.

Безбедносни експерти, меѓутоа, предупредуваат дека ваквата постапка може мошне лесно да се злоупотребува. Не само за за одбегнување на санкциите од ЕУ, туку и за да се влијае врз литванскиот политички систем. Едноставно, моќе да им користи на руските интереси за секакви цели.

Министерката за внатрешни работи Агне Билотаис, појасни дека литванските пасоши не може да бидат параван за заобиколување на санкциите кон Русија и нејзини државјани и дека тоа важи и за Абрамович.

Таа притоа има објаснето дека владата подготвува нов закон  за миграција, според кој ќе може да се одземаат државјанствата, стекнати  на ваков начин.

Во служба на Кремљ

Сегашните прописи не дозволуваат одземање на државјанството, туку само негово блокирање , доколку натурализираниот Литванец има дадено неточни податоци, или доколку има извршено воено злосторство.

Роман Абрамович на почетокот од двеилјадитите години се насели во Лондон. После финснските  шпекулации во Русија  на пазарот со нафта – ( ја откупи компанијата „Роснефт“ од Борис Березовски, но по извесно време и ја продаде на руската  држава, за пет пати повисока цена, заработувајќи големи пари). Стана еден од најбогатите олигарси и откако во Британија го купи лондонскиот фудбалски клуб „Челси“, стана еден од најбогатите луѓе во Британија.

Сите години тој  тврдеше дека не е близок човек на Владимир Путин, но по инвазијата врз Украина и по санкциите воведени од Британија и од  ЕУ, Абрамович мораше на брзина да го продаде „Челси“ и да ја напушти Британија, кога властите одбија да му ја продолжат дозволата за престој.

Инфилтрирање во Британија

Во тоа време  се разбра дека купувањето на лондонскиот фудбалски клуб во кој беа вложени многу пари, било дел од планот на Кремљ за руско инфилтрирање во британската јавност, за да нивниот човек ( Абрамович) стане популарна јавна личност, која преку успесите на клубот , всушност, ја промовира путинова Русија во Британија.

Кога сето тоа се откри, а војната ја растури неговата дотогаш удобна позиција, Роман Абрамович бараше начин како и понатаму да патува низ светот, кога веќе не можеше како жител на Британија. Како Евреин по потекло, го одбра Израел, каде доби државјанство и израелски пасош, откако вложи пари- купи хотел и имот во Тел Авив.

Ливанија сега настојува да ги утврди сите детали поврзани со добивањето литванско државјанство за неговите деца и дали тоа на некаков начин е злоупотребено.

(Е.Н.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе