Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Орбан се заканува со интервенција

Орбан се заканува со интервенција

Виктор Орбан ја има предупредено, како што рекол- меѓународната заедница- мислејќи притоа на Западот- дека ќе „уследи интервенција“ за  било каква саботажа врз гасоводот „Јужен тек“ (слична на онаа во минатата година врз „Северен тек“). За него  тоа е повод за  војна, на што Унгарија веднаш би реагирала (возвратила).

Во изјавата на  десничарскиот, националист и популист-  чија власт се повеќе добива облик на режим- унгарскиот премиер се повикува и на Република Србија која, според него, се согласила да се приклучи на интервнцијата.

Десничарски популизам

Предупредувањето со закана , каква  во Европа не се дава од членка на ЕУ и на НАТО, го открива американскиот десничарски новинар, Такер Карлсон.

Тој е  поранешната ѕвезда на конзервативната и десничарска телевизија Фокс, од каде беше набркан по наредба на сопственикот и медиумски тајкун Руперт Мардок, поради штетите за целата компанија и за ТВ мрежата што ги предизвика со своите ставови и позиции.

Карлсон  беше повикан во Будимпешта на една десничарска, антиевропска политичка средба ( наводно посветена на снабдувањето со гас)  , на која се најдоа и  Реџеп Таип Ердоган и Александар Вучиќ, но и декларираните европски крајни десничари. Средбата  ја организираше Орбан , настојувајќи  да создаде некаква „црна алијанса“ на десничарска идеологија, паралелна ЕУ,  во која себе си се става како некаков лидер.

Американецот, притоа има направено интервју со некои од учесниците, а во разговорот со унгарскиот премиер, овој се има пофалено дека ( за разлика од Германија и целиот Запад) тој  оштетувањето на „Северен тек“  го смета за „терористички напад“ – за што, патем, нема верификација од ЕУ/НАТО.

Контрирање на ЕУ и НАТО

Интервјуто на Орбан е објавено на поранешен Твитер ( сега мрежа Икс) каде Карлсон работи и тоа е во функција на самофалењето на Орбан. Во самоприкажувањето  како  одлучен политичар кој води сметка само за себе и за Унгарија, што е типично за неговиот популизам.

Но, од страната на Такер, разговорот со  изолираниот Орбан кој сега тера инает и во ЕУ и во НАТО, целото интервју е во функција на афирмација на старите десничарски ставови на Доналд Трамп, за  кога Карлсон и сега силно навива.

Така и се случува, низ прашањата и одговорите на Орбан да и се суди на Германија, која уште  со Ангела Меркел. како канцелар, се судри со Трамп и неговото десничарење, спротивставувањето на декларираниот либерализам, како и неговите анти ЕУ, па и анти НАТО ставови. Особено што тие   создаваа збунетост во Европа, на воодушевување на путинова Русија и на Кина.

Карлсон и Орбан ( затоа) го ставаат Берлин во  некаква „понижувачка“ улога, како наводен „ вазал на Америка“ , додека вината за „тероризмот“ врз гасоводот, според екс новинарот на Фокс и се припишува на администрацијата на Џо Бајден.

Навивање за Трамп

Виктор Орбан не оди толку далеку, но зборува дека сака Трамп  одново да биде претседател на САД, а за Германија и Америка остава тие да се третираат онака како што тоа го прави Карлсон. Во секој случај-  одмаздувајќи им се и на Берлин и на Вашингтон за  потиснувањето  во ЕУ и во НАТО, без разлика што за тоа е виновна   само Будимпешта.

Сето тоа делува смешно надмено од унгарскиот премиер и крајно неблагодарно од  екс комунистичка Унгарија, која токму со парите на ЕУ и со солидарноста на  западните членки на ЕУ стана она што е денес. Особено што земјата и натаму е зависник од европските пари, сега уште оптоварена со највисока инфлација во Унијата и со силна корупција.

Само од Германија , во првите 15 години унгарско членство во ЕУ,  државата има примено 90 милијарди евра инвестиции, а и покрај тоа,  со владата во Берлин ( уште во времето на Меркел) е во судир.

Пред се, затоа што Орбан и неговата националистичка партија Фидес,  отстапуваат од европските стандарди за човековите права, за вистинската демократија и од вистинска правна држава, односно од сето она што се основните принципи врз кои се темели ЕУ.

Каква ќе биде одмаздата

Тој и таквиот Орбан, меѓутоа, сега се фали дека корисниците на гасот од Русија, преку „Јужен ток“ ќе реагираат доколку „некој“ го онеспособи протокот на гас, настојувајќи да си најде сојузници за своето антиевропско дејствување и за силното русофилство, додворувајќи и се на путинова Русија.

Четири земји- Турција и Бугарија, Србија и Унгарија-добиваат руски гас преку овој гасовод, па сега е интересно да се разбере- како тоа ќе интервенира Орбан доколку навистина- Украина, кон која се упатува заканата- го оштети „Јужен тек“.

Дали тоа унгарската војска ќе изврши инвазија врз украинската територија, за да се казни Киев, во време кога НАТО и ЕУ се силно на украинска страна против агресијата на Русија.

Дали Орбан ќе реагира наспроти НАТО, чии војници се и на неговата територија , или ќе и воведе санкции на земјата која Русите ја „парчосуваат“ во името на советско/рускиот империјализам, затоа што Киев одби вечно да и биде вазал на Москва.

Во функција на Москва

Конечно, дали „страшниот Орбан“ така ќе реагира и доколку Путин и неговите тајни служби извршат дивезија , за да и се напакости на Украина.

Ништо од тоа Унгарецот му нема речено на Карлсон кој живее од правење афери ,  во служба на Трамп и на злото што тој го има посеано врз демократска  Америка. Но, затоа ќе изјаваи- „Заедно со Александар Вучиќ ставаме до знаење дека ако НЕКОЈ помисли да го направи она што се направи со „Северен тек“, тоа ќе биде ПОВОД ЗА ВОЈНА“.

Не е јасно што бара Србија, која тврди дека сака во ЕУ, со еден политичар-автократ кој е во судир со сите, но факт е дека во Белград се смета оти српскиот претседател, ставајќи се во вазална улога со Орбан- си пукал во сопственото колено.

Факт е само дека сегашна Бугарија е надвор од орбановите заканувања, а Турција е доволно и голема и моќна – сама за себе- за да му доволи на Унгарецот да ја води играта во корист на Русија. Тој и онака веќе војува против Украинците, манипулирајќи со тамошното унгарско малцинство и блокирајќи го пакетот помош за Украина.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе