Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Мако и Кеи како Хари и Меган

sepavone/Depositphotos.com

Мако и Кеи како Хари и Меган

Јапонската принцеза Мако, ќерка од братот на јапонскиот цар Нарухито, се омажи за својот избраник од студентските денови, после бројните контроверзии низ кои таа и нејзиниот избраник, Кеи Комура поминаа изминатите неколку години Само затоа што тој нема никакво аристократско, или благородничко потекло.

Поради ваквиот избор, Мако не само што ја загуби титулата, туку го изгуби и правото на традиционалната, обредна венчавка, а остана и без значајна финансиска надокнада.

Царските власти, претходно, пресудија дека Мако при својата венчавка, нема да добие церемонијално венчавање, ниту посебен банкет во нејзина чест, како што налага редот, кога некоја од младите од царското семејство прави свадба. А, нема да добие ни приближно 1,2 милиони евра, кои им се дава на царските невести.

Прв пат во историјата

Од порано беше познато дека Мако, која има 30 години, нема да може да ја задржи титулата принцеза, кога ќе се венча за Кеи. Тоа е вообичаена постапка за жените од царското семејство, кога ќе се одлучат за свој животен избраник да земат – „обичен граѓанин“.

Но, таа е првата во историјата на Јапонија, по Втората светска војна, на која и е ускратена и финансиската надокнада што традиционално се определува.

Бунтовната ќерка на помладиот брат на јапонскиот цар, со години на ред е критикувана во ројалистичките кругови на оваа земја и на сите оние кои инсистираат на почитувањето на традиционалното во царското семејство. Меѓутоа, таа и Кеи Комура кој и е врсник и колега од Правниот факултет во Токио, мораа на неколку пати да ја одлагаат својата венчавка, затоа што во јавноста и во медиумите, „царскиот“ зет беше критикуван поради однесувањето на неговата „неморална “ мајка!

Се тврдеше дека таа има земено позајмени пари од својот поранешен партнер, но дека не сакала да му ги врати.

Неколку годишни одлагања

Оваа расправија се уште не е правно до крај разрешена, но таа сепак, предизвика скандал во Јапонија, каде јавноста секогаш очекува беспрекорно однесување од членовите на царското семејство.

Кеи не е дел од него, а не е ниту неговата мајка, но обајцата ги врзува за традицијата, тоа што е во врска со една царска принцеза и што таа станува и негова сопруга.

Свадбата првично беше предвидена за пред овој случај, во 2018 година, па кога таа не можеше да се одржи, Кеи Комура заминал на специјализација – во САД, каде и се пресели и каде (најверојатно) брачната двојка ќе живее.

Нејзиниот татко Фумихито, пред една година го одобрил бракот на Мако со Кеи.

„Уставот налага дека бракот се засновува врз согласноста на двајцата партнери. Ако тие тоа го сакаат, јас како родител тоа мора да го почитувам“ – има тогаш изјавено таткото на сега веќе поранешната јапонска принцеза.

Разлики и сличности

Јапонската телевизија ги има прикажано моментите кога Мако си заминува од царската палата во Токио, како се опростува од родителите и од својата сестра, влегувајќи на тој начин во својот нов живот – како „обична Јапонка“.

Сите медиуми низ светот, приказната за доскорешната јапонска принцеза Мако ја споредуваат со случајот со британскиот принц Хари.

Иако таа не е иста и прилично се разликува од онаа во Јапонија, сепак, медиумите, посебно британските, потсетуваат на одлуката на Хари да се ожени со една „обична” Американка – ќерка на расно различни родители, разведена и поранешна актерка. А, посебно, со одлуката да се откаже од сите ројалистички обврски и со сопругата Меган (и синот) да се пресели во Америка.

Сличности има само во тоа што и Мако и Хари останаа без парите кои во друга прилика ќе им следуваа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе