Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

На Родос горат хотели

На Родос горат хотели

Пет денови Родос е зафатен од силните пожари што првично се појавија, како локални,  во високите планински делови, исполнети со четинарска шума, што не може да се стават под контрола. Наместо тоа, огнот брзо се спушти во низините,  продолжувајќи  да го уништува овој грчки остров, поради што стана сериозна закана за локалното население , како и за  странските туристи кои се таму на летување.

Бројни пожарникарски екипи, доброволци од населението, како и припадници на армијата, потоа десетина специјални авиони за гаснење пожари и пет  хеликоптери , како и една пожарникарска екипа од Словачка, се вклучени во настојувањето да се запре огнената стихија.

Засега во тоа никако не се успева, главно поради силниот ветер и високите температури.

Огнот го подели островот

Наместо тоа, огнот веќе  успеа да го подели островот , зафаќајки населени места и туристички локалитети на брегот од Егејско Море.

Во местото Киотари, на јужната страна од Родос, горат три хотели што досега беа полни со гости, кои беа итно  евакуирани пред налетот на стихијата. Но, се  пожарот се зафатени и населени места во кои горат куќи, цркви, домаќинставата на луѓето и нивните имоти ,  од кои луѓето исто така се евакуирани.

Населението и туристите од овој дел на островот се извлекуваат само по морски пат, затоа што патиштата  или се зафатени од пожарот, или се наоѓаат во ризични зони по кои е опасно патувањето. Атинското радио Скај јави во неделата дека источната страна на островот веќе е небезбедна за патен сообраќај , но и за тоа дека пожарникарите ја губат битката со огнот.

„Ова не е пожар што ќе биде згаснат утре, или ден потоа. Станува збор за голем пожар со кој ќе се има работа и во следните денови“- има речено за медиумите претставник на пожарникарските екипи.

Евакуирани над 30 илјади лица

Според него, проблем за борбата со огнот е силниот ветер што постојано го менува правецот, зголемувајќи ја површината што е зафатена од стихијата.

Создаден е пожарен фронт во должина од над девет километри што се протега од средишниот дел на Родос, па се до плажите на неговиот источен брег. Таквата ситуација создава екстремно тешки услови и за локалното население и за бројните гости кои како туристи се одмараат на островот.

Во меѓувреме, локалните власти тврдат дека досега се евакуирани над 30 илјади лица кои привремено се сместуваат во спортски и училишни сали, или во конференциски центри . Некои туристи се сместени и на три траекти кои се вкотвени во пристаништето на Родос . Британскиот Би-Би-Си, меѓутоа,  јавува дека не се сите згрижени и дека има луѓе кои ноќите ги минуваат во големи картонски кутии.

Во овој момент, не знае до кога луѓето ќе бидат  таму и дали воопшто ќе може да го продолжат летувањето. Особено откако британските авио компании ги прекина летовите за островот -до средината на идната недела.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе