Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Принцот кој најдолго чекаше да стане крал

Принцот кој најдолго чекаше да стане крал

Британија и Британците за прв пат , после 70 години , имаа крунисување на својот нов монарх-  кралот Чарлс Трети- кој на престолот дојде во септември минатата година, веднаш по смрта на неговата мајка , кралицата Елизабета. Настан што се означува како генерациски момент, затоа што цела една генерација Британци не го памети последното крунисување, растејќи и стареејќи со сега веќе покојмата кралица.

Елизабета , седум децении  беше британски суверен, уште од 1952 година, па ќе остане запаметена  како монархот кој најдолго бил на престолот во англиската и британската историја. Нејзиниот син, Чарлс (роден во ноември 1948 година), поради долговечноста на неговата мајка,  е принцот со најдолг стаж како престолонаследник, кој најдолго чекал за да стане крал. Со своите, сега  неполни 73,5 години, тој е и најстариот крал кој  на оваа возраст седнува на британскиот престол.

Над половина век престолонаследник

Престолонаследничката титула принцот од Велс ја има од крајот на јули 1958 година, на неполни десет годишна возраст, иако официјално е промовиран за принц-престолонаследник 11 години подоцна, на 1 јули 1969 година. Официјалното, свечено назначување за принц од Велс, од страна на неговата мајка-кралицата , беше одржано во замокот Карнарфон во покраината Велс, при што Чарлс одржа говор, зборувајќи на велшки јазик.

Крал на Обединетото кралсво на Велика Британија и Северна Ирска, како и на 14 земји од Комонвелтот, стана на 8 сепетември 2022 година, во истиот момент кога кралицата Елизабета беше прогласена за почината.  Следниот ден, за прв пат и се обрати на британската јавност, одавајќи и признание на својата мајка за нејзиниот придонес за земјата и за Британците. Во исто време, тој го именуваше својот постар син, принцот Вилијам за новиот престолонаследник и принц  од Велс.

Во саботата, на 6 мај беше извршено крунисувањето на новиот крал во катедралната Весминстерска Опатија, во центарот на Лондон, во присуство на  кралското семејство и на бројни гости- монарси, шефови на држави и на влади-  од сите страни на светот.

Подготвуван  за крал

Долгата процесија на крунисувањето, што се изведе  според старите кралски традиции , се одржа во црквата  која се наоѓа на истото место на кое е сега Вестминстерската Опатија, во која,  пред  илјада години , во 1066 година, се има крунисано за крал Вилијам Освојувачот. Крунисувањето на Чарлс организирано во стилот на британската перфекција, се дознава, дека било подготвувано и планрано неколку години, под посебно кодирано име.

Новиот британски крал е најстарото дета на кралицата Елизабета и принцот Филип. Има двајца браќа- принцовите Ендрју и Едвард и сестра- принцезата Ана.

Подготвуван за крал е уште од дете, кога на петгодишна возраст почува да се образува преку гувернанта во Бакингамската палата. Но од 1956 година бил испратен во улилиште во западен Лондон и тој е првиот престолонаследник што одел на улилиште и не се школувал само преку приватно туторство.

Во текот на школувањето Чарлс има прекршено уште една традиција на кралските семејства- кога од средно училиште има директно отидено на студии, наместо да се приклучи на кралското воено воздухопловство (РАФ) , што до него претставувало традиција за членовите на кралското семејство.

Свадба на столетието

Во секој случај и идниот крал ја има поминато воената обука- во РАФ и во британската кралска морнарица.

Во текот на студиите во Кембриџ тој ја има поминато обуката во РАФ, летајќи како пилот. Потоа шест недели има поминато во морнаричкиот колеџ во Дартмут. Меѓу 1971 и 1974 новиот британски крал бил дел од посадата на три воени бродови.

Неговиот приватен живот и бурните случувања во него, сепак, се она по што Чарлс го памети јавноста надвор од Британија, а многу добро ги знаат Британците -пред се, околу неговата врска, прво со Сара Спенсер, остарата сестра на принцезта  Дијана, а потоа и со неа , неговата прва сопруга и мајката на неговите два сина и долгата врска со Камила Шанд, сегашната втора сопруга на британскиот крал и новата кралица.

Со тогаш мошне младата Дијана Спенсер се има запознато во 1977 година, кога со нејзината сестра бил во посета на семејствто. Во 1981 година тој, сепак, се врзува за 13 години помладата Дијана , со која истата таа година се ожени во катедралната црква Сент Пол во Лондон. Од тој брак се принцовите Вилијам (1982) и Хари (1984).

„Тројца во брачниот кревет“

Но набргу после нивната „свадба на столетието“ , веќе во првите пет брачни години, лондонските медиуми почна да пишуваат за проблеми во бракот и за криза.

Сега тоа се објаснува, како што тоа го правви и Би-Би-Си со „неконтабилноста меѓу брачната двојка“ и за прв пат- со големата разлика во годините меѓу нив двајцата, но причината за кризата беше неговата одлука да ја продолжи врската со Камила, веќе омажена и мајка на две деца, која е уште и една година постара од него.

Наводно, блискиот роднина на починатата кралица, лордот Маунтбатен, последниот вице-крал во Индија, со кого Чарлс бил близок- го има подучувано дека- по традиција- принцот од Велс е неверен во бракот! Веројатно најмногу мислејќи на синот и престолонаследник на кралицата Викторија за кого се знае дека барем еднаш месечно одел во Париз за да се „забавува со жените од раскалашниот Монмартр„.

Лондонките таблоиди кои на времето го имаат откриено овој (наводен) совет заЧарлс, први открија дека тој и Дијана се пред развод. До тоа дојде откако принцезата јавно, во интервју на телевизија изјави дека„ не може да има брак со тројца во брачниот кревет“- мислејќи на безмалку отвоената врска на нејзиниот сопруг со Камила Паркер-Боулс.

Синовите против Камила

Чарлс и Дијана се разведоа во декемеври 1992 година.  Таа почна да води бурен, слободен живот на разведена жена, менувајќи неколку партнери. Загина во Париз, во сообраќајна несреќа на крајот од август 1997 година, заедно со тогашниот партнер Египтјанецот Доди ал Фаед.

Сегашниот крал Чарлс Трети, пак, остана со својата „љубов од младоста“ . Тие двајцата објавија свршувачка во февруари 2005 година, а се венчаа во општината во Виндзор само два месеци подоцна.

Тој е единствениот член на кралското семејство кој наместо црковен, има граѓански брак. Поради тоа, краицата Елизабета  и татко му не присуствува на неговата втора венчавка. Стравувајќи дека на тој начин кралицата, како поглавар на Англиканската црква , може да ја повреди црквата, присуствувајќи на граѓанска венчавка на синот-престолонаследник.

Од мемоарите на принцот Хари, помладиот син на новиот крал, се разбра дека и тој и братот Вилијам го уверувале таткото да не се венчава за Камила, која веќе беше разведена. Чарлс не ги има послушано, па Камила стана и сопруга, а од пред некој ден и кралица. На крунисувањето присуствуваа и нејзинте деца од првиот брак и поранепниот сопруг.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе