Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Нема државјанство без ракување

meunierd/BigStock.com

Нема државјанство без ракување

Една муслиманска двојка не добила швајцарско државјанство, затоа што во текот на интервјуто, спроведено пред да им се одговори на нивното барање за државјанство,  одбила ракување со луге од спротивниот пол.

Во соопштението на швајцарските имиграциски власти било објаснето дека комисијата оценила дека оваа двојка се уште не е интегрирана во швајцарското општество, како и дека не ја почитува еднаквоста на половите и на лугето, па затоа и не им било одобрено да станат државјани на Швајцарија.

Локалните весници објавуваат дека случајот  е регистриран во Лозана, но не се открива од која земја двојката потекнува, освен што се наведува дека обајцата се дојдени од Северна Африка. Во текот на интервјуто тие не сакале ниту да одговараат на прашањата на членовите на комисијата од спротивен пол.

Според швајцарските власти, странци и имигранти кои бараат швајцарско државјанство, освен исполувањето на основните законски услови за тоа, мора да бидат и целосно интегрирани општеството и да го прифаќаат правниот систем на државата. „Ние имаме целосен респект кон религиозните слободи, но притоа не може да се игнорираат швајцарските закони, прописи и правила„- рекол за домашните весници градоначалникот на Лозана.

Медиумите објаснуваат дека двојката не биле испрашувана за нивните религиозни верувања, иако се верува дека ваквото, необично однесување може да се објасни само со религиозни мотиви. Тие сепак, не биле одбиени поради нивната религија, туку затоа што не ја прифакаат еднаквоста на лугето.

Ова не бил прв ваков случај во Швајцарија. Во 2016 година, управата на едно швајцарско училиште одлучило двајца ученици- муслимани , да бидат поштедени од ракувањето со нивните машки и женски учители и наставници, откако одбиле да се поздравуваат со нивната учителка. Ваквата одлука на училиштето предизвикало бурна реакција во швајцарската јавност, па имиграциските власти одлучиле да го запрат процесот за давање државјанство на момчињата и целото нивно семејство.

Весниците во Лозана, потсетуваат дека и во Франција имало ваков случај. Една жена по потекло од Алжир, не добила француско државјанство затоа што одбила да се ракува со еден локален функционер, во текот на церемонијата за врачување на државјанства.

(К.П.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе