Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина папата Франциско

Почина папата Франциско

Неполни  24 часови,откако ги поздрави верниците, за да им го честита Велигден, во Ватикан, во својата папска резиденција, почина папата Франциско. Имаше 89 години и 12 години беше поглавар на Католичката црква.

Веста за смрта на папата ја соопшти Кардиналот Кевин Фарел во видео порака

За папа беше избран во февруари 2013 година, окако дотогашниот папа. Бенедикт 16 објави дека се повлекува, објаснувајќи го тоа со своите години, влошеното здравје и стравувањето дека поради тоа не ќе може да одговори на барањата и потребите на црквата. После цели 700 години, додека Бенедеикт беше жив, католичката црква имаше двајца живи папи.

Франциско беше избран од редот на кардиналите кои имаат помалку од 80 години, на специјалната изборна процедура после седум круга гласање. Тој го наследи Германецот Бенедикт, како првиот избран  папа од Латинска Америка. Како 266  бискуп по ред кој станал римски папа во историјата на Католичката црква.

Беше роден во Аргентина во 1936 година, во семејство на имигранти со италијанско потекло, како Хорхе Марио Баргиљо. Своето техничко образование (хемиски техничар) го заменува со религијата , во 1958 година.

Тој беше првиот папа језуит и првиот кој бил избран ид некои од католичките редови после папата Гргур Третиот (734/741 година), во осмиот век. Важеше за заштитник на сиромашните и на обесправените лица. Кардинал беше од 2001 година.

Останува запаметен по настојувањето да се реформира католичката црква, колку што тоа можеше да го спроведе во постојаниот судир со конзервативците.

Тој беше против разводот на бракот, но имаше досега најумерена позиција кон геј популацијата. Зборуваше дека сексулната определба не мора да значи и отфрлање на тие луѓе од црквата. Но остана силно против геј бракот. Најважно е дека дозволи отворање и осуда на малолетничкото злоставување од страна на свештенството, што долго време беше  строго забранета тема за црквата.

Во македонста јавност ќе остане запаметен како првот папа кој во пролета 2019 ја посетил Северна Македонија.

До изборот на нов папа со црквта ќе раководи актуелниот камерленго во Ватикан. Сега тоа  е ирско/американскиот кардинал  Фарел.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе