Трамповци од Газа ќе прават туризам ?
Во време на одржувањето на кревкото примирје меѓу Израел и Хамас, по војната што се разви откако Палестинците, извршија масакр на израелската територија, против недолжни цивили и во време додека трае размената на палестински затвореници за грабнатите Израелци по нападот од 7 октомври 2023, се размислува за тоа што со територијата на Газа, оставена целосно разурната од војувањето , Трамп и неговото семејство понудија решение.
Раселување на Палестинците
Засега, станува збор за размисла, но познавајќи ја веќе хировитоста на старо-новиот претседател на САД, неговата ароганција и правењето бизнис од надворшната политика, политичарите на Блискиот Исток и меѓународната јавност, останаа во неверување. Дали човекот кого Американците го избраа за свој шеф на државата, навистина го мисли она што го сугерира.
А тоа што го заговара и што ги натера јорданскиот крал Абдула и египетскиот претседател Абдела Фатах ал Сиси, веднаш да ги отфрлат идеите на трамповци за иднината на Газа, е раселување на Палестинците од појасот, во неколку арапски земји во соседството и претворање на просторот на кој до војната живееја два милиони луѓе, во некаков ексклузивен хотелски комплекс.
Секако, откако по раселувањето на луѓето делумно во Јордан, а делумно во Египет, теренот на кој Хамас направи свое „царство“, што Иран го користеше како полигон за ширењето на шиитизам и воено-политичкото влијание, булдожерите и експлозивот темелно ќе го расчистат теренот за да се прави туризам.
Арапите категорично против
Со противење за тоа воопшто и да се зборува, а не да се преговора, се огласија и арапските земји и Палестиците, вклучувајќи го и Хамас.
Тврдата израелска десница која во „планот на Трамп“ гледа спас за себе- со тргање на Палестинците, посебно на нивниот милитантен дел- од својата јужна граница, побрза да се согласи со трамповите „размисли“
Бенјамин Нетанијаху, пак, се нема директно огласено, а засега, не се знае дали Трамп, воопшто, го информирал за тоа, пред да ја промовира својата идеа.
Но, тој самиот, иако на почетокот од примирјето беше против тоа населението да се враќа на северот од Газа (од каде хамасовци го нападнаа Израел), подоцнам сепак, попушти и прифати враќање на Палестинците.
„Расчистување на нередот“
Трамп, меѓутоа, тера и натаму, па од него светот разбра дека зборувал со Аман и со Каиро да ги раселува луѓето од Газа, ставајќи ги во ситуација да мора да се огласат, иако (најверојатно) тие ќе ја одмолчеја фалбаџиската кампања на американскиот претседател како то ги решава работите кои ,инаку, други ги разрешија.
„Му реков на кралот (Абдула) да преземе Плестинци од Газа, затоа што таму има само неред. Вистински неред“- им открил Трамп на американските новинари, признавајќи дека станува збор за преселување на над 1,5 милиони Палестинци од појасот на медитеранскиот брег.
Од медиумите во Аман, се разбра дека јорданскиот суверен го одбил предлогот, со оглед дека Јордан веќе има кај себе 2,4 милиони палестински бегалци, но медиумите во САД се дознава дека Трамп инсистирал дека -„работите таму ( во Газа) мора да се расчистат и дека локацијата не може да остане таква каква што е сега.
План за (наводен) траен мир
„Не знам што да ви кажам, но тоа градилиште секако ќе мора да се расисти од она што е останато, но за тоа е потребна соработка со арапските држави, за да Палестинците конечно заживеат во мир“- рекол американскот претседател.
Официјлен Каиро останува на позицијата дека Палестиинците „остануваат таму каде сега- на својата земја. Тоа е став на Египет и владата нема намера да го менува.
„Јордан е на Јорданците, Палестина е на Палестинците“- рекол претставник на египетското МНР, објаснувајќи ја позицијата на Каиро.
Проценка е дека Трамп сака со оваа своја замисла ( некои сметаат дека тоа е веќе е негов план) да се изврши привремено, но и трајно раселување на Палестинците од Газа.
Прикриено етничко чистење
Тоа е спротивно од сето она што досега е направено и од одамна прифатениот план на меѓународната заедница за кризата на Блискиот Исток, со постоење на две држави една покрај друга- Израел и Палестина. Се смета дека само така ќе се обезбеди мир во турбулентниот регион.
За решението што го нуди Трамп, затоа, се смета дека е обично -„ подметнување етничко чистење, затскриено зад (наводното) хуманитарно решение и грижата за палестинскиот народ“.
Критичарите на трамповите идеи за Блискиот Исток оценуваат дека доколку би се направило она што тој го заговара, ќе дојде до уште поголема дестабилизација на регионот и до продлабочување на хуманитарната криза, при што силно ќе се повредат основните човекови права на Палестинците.
Вклучување на зетот на претседателот
Претходно, во изминатата недела, Трамп има зборувано дека тој би можел да се вклучи во реализацијата на неговиот план- во расчистувањето на теренот-што предизвика уште повеќе контроверзи , со оглед дека овој њујоршки милијардер се има збогатено, бавејќи се со бизнисот со недвижен имот.
Притоа преседателпот на САД има зборувано дека – локацијата на Газа е „феноменална“- со песоклив брег, со извонредна , блага , медитеранска клима, од која може да се направи голем бизнис, што според него ( за жал) сега стои исполнето со урнатини.
За тоа , за каков добар бизнис е погодна локацијата на Газа, повеќе има зборувано неговиот зет Џаред Кушнер, инаку и тој вклучен во градежните инвестиции и бизнисот со недвижен имот.
Во 2024 година, зетот на претседателот на Америка има изјавено дека – Газа е мошне вредна локација за инвестирање ( во туризмот и хотелиерството), сугерирајќи притоа „Израелците да ги истераат од таму Палестинците и да го расчистат теренот“.
