Со шише вино против мобилките
Еден ресторан во италијанскиот град Верона се одлучи да ги наградува своите гости доколку се откажат од користењето на мобилниот телефон додека престојуваат во ресторанот.
Во градот на Ромео и Јулија, сопственикот на ресторанот настојува ( лугето -негови гости) наместо цело време да се џарат во своите мобилки , дигитално да се детоксираат.
Затоа се одлучил – секој негов гостин кој ќе прифати да го остави својот мобилен телефон, заклучен, во специјален сеф-бокс, додека престојува во ресторанот, да биде награден со едно шише вино.
Сопственикот вели дека негова цел е да ги натера лугето да ги сменат навиките и да се дружат и да разговаат, барем додека се во неговиот ресторанм на јадење или на пијачка.
На новинарите им признал дека на почетокот имало отпор- дури и за бесплатно шише вино. Но сега, се повеќе гости се согласуваат да ги остават мобилките, па на маса да седат без нив- за да разговараат.
Овој ресторатер е и досетлив бизнисмен кој има утврдено дека без постојаното гледање во мобилниот телефон , гостите поинаку и се однесуваат- почесто и повеќе нарачуваат.
Новината од Верона доаѓа откако е утврдено дека светскиот просек на дневно дружење со мобилките и со лап-топ компјутерите, изнесува шест часови и 37 минути.
Во Италија, испитувањето покажува дека Италијанците 35 отсто од своето време , секој ден, го минуваат со овие апарати. Други 21 отсто признале дека стануваат вознемирени доколку се далеку од својот мобилен телефон.