Најпријателска, а не сака странци
Австрија е прогласена за најомилената земја во Европа, затоа што е прогласена за најпријателска.
Во анкетата на престижното списание за патување и туризам- Conde Nast Travellers- неговите читатели ја рангирале Австрија на првото место, доделувајќи и 93,8 поени од можните 100. Според мислењето на лугето кои ја посетиле земјата, таму се почувствувале дека се најмногу добродојдени,
Второ рангирана е Ирска, трета Хрватска, а четврта Португалија, додека Грција на оваа скала е рангирана како пета најпријателска земја.
Во групат на првите десет земји се и студениот Исланд, па Швајцарија и Турција, а деветото и десето место им припадна на Шпанија и Франција.
Станува збор за две европски држави кои важат за најпосетени. Во Шпанија годишно престојуваат над 50 милиони, а во Франција сто милиони туристи и гости, што е најмногу во светот.
Што се однесува до Австрија, таа нема вакви бројки, но анкетите откриваат дека високо во Европа котира и нејзиниот главен град-Виена, кој е прогласен за „најдоброто место за живеење“, според глобалниот индекс на условите за живот.
Во исто време, Австрија е и државата во која нејзините луѓе и не сокриваат дека не ги сакаат странците кои веќе живеат во државата. На неодамнешните парламентарни избори најмногу гласови има добиено Слободарската партија, која има нео-нацистичко минато.
Оваа партија која заговара „чистење“ на земјата од „ауслендерите“ ( странците)- и тоа не само од бегалците и мигрантите – има добиено безмалку третина од гласовите.
Лидерот на таа партија тврди дека Австрија се има претворено во земја во која кај „Австријаците има премногу странска крв“.
