Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

СЗО : Децата загрозени од социјалните мрежи

СЗО : Децата загрозени од социјалните мрежи

Светската здравствена  организација (СЗО) предупредува дека станува проблематично користењето на социјалните мрежи кај децата, посебно во Европа. Тоа постојано се зголемува и веќе станува ризично- децата да развијат зависност од  он-лајн играњето.

Направеното истражување покажува дека во 2022 година, кај 11 отсто од адолесцентите (13 отсто од девојчињата и девет отсто од момчињата) биле забележани знаци на – проблематично користење на социјалните мрежи.

Загрижувачко е што – на пример четири години пред тоа- тој процент изнесувал седум отсто.

Зависност и отуѓување

Податоците се добиени во истражување со кое биле опфатени 280 илјади деца на возраст од 11, 13 и 15 години , во 44 држави во Европа, но и во Централна Азија и во Канада.

Утврдено е дека кај овие деца постојат симптоми на зависност, како што е невозможноста да се контролира прекумерното користење на мрежите.

Но, во исто време и чувство на повлеченост и целосно напуштање на другите активности- за сметка на социјалните мрежи и медиуми и на негативните последици од прекумерната употреба во секојдневниот живот.

Во Европа, оваа појава е најраширена кај децата во Романија. Дури 28 отсто од младите романски адолесценти меѓу 13 и 15 години, стануваат зависници и полека се отуѓуваат , додека најмалку вакви случаи има во Холандија- само три отсто.

Секој ден со он-лајн играње

Според експертите на СЗО, причина за загриженост е што една третина од децата на оваа возраст играат на он-лајн секој ден. Други  22 отсто деца признаваат дека остануваат „заглавени“ во ваквите игри најмалку по четири часови.

Утврдено е дека 12 отсто од адолесцентите имаат проблематично однесување, што се доведува во врска со он-лајн играњето. Од нив 16 отсто се момчиња, а седум отсто се девојчиња.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе