Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Се отвора терминалот за ЛНГ во Александропули

Се отвора терминалот за ЛНГ во Александропули

Грчкото министерство за економија објави дека терминалот за природен течен гас (ЛНГ) во источното пристаниште Александропули на почетокот од октомври почнува да работи.

Станува збор за капацитет од големо значење за Грција и за  поширокиот балкански регион, но и за  Северна Македонија, од каде државата ќе се снабдува со овој гас.

Визионерска одлука

Експерти сега велат дека била „вистински визионерска“ одлуката на претходната влада на Зоран Заев да се врзе за овој терминал, затоа што преку него се обезбедува  стабилно снабдување со оваа енергија.

Затоа што станува збор за  договорено количество кое ги надминува сегашните потреби на државата.

Направените анализи покажуваат дека со оглед на местоположбата на Северна Македонија, како своевидна балканска крстосница, со македонското учество уште во изградбата на терминалот (кој користи американски ЛНГ), потоа со дополнителните интерконекции за кракови кон Косово и Србија, државата се стекнува со можност за дополнителна заработувачка.

Врзување на Северна Македонија

Александропули, е значаен и затоа што не станува збор само терминал за гас ( какви веќе се изградени низ неколку земји во ЕУ) –  за количество што земјата може дополнително да закупува- туку станува збор и за централа на гас со моќност од 800 мегавати , која треба конечно да се заврши до крајот на оваа година.

Изградбата на терминалот е започната во 2023 година, а ЕСМ, односно државата Северна Македонија , закупи 10 отсто од неговиот капацитет, кој изнесува 5,5 милијарди кубици. Тоа значи дека македонската страна ќе може да користи над 500 милиони кубни метри од овој гас.

Сега Северна Македонија годишно користи 400 милиони, што значи дека со договорот за закуп на делот од терминалот во Александропули , како и со посебната интерконекција со Грција, државата ќе има обезбедено доволно течен гас за своите потреби.

Ослободување од руската зависност

Но, притоа е важно што земјата, на овој начин,  ќе се ослободи од зависноста да користи руски гас, од „Газпром“ зад што секогаш е присутна политичката зависност од Русија.

Таа  и онака, и досега  се меша во внатрешните работи на државата, одржувајќи постојана нестабилност и несигурност, низ форсирањето на национализмот и дестабилизација на меѓунационалните односи.

Таквата политика се засилува, особено сега, со новата националистичка , вмровска влада која тоа го покажува веќе после првите три месеци како е на власт, што го имаат забележано и во Европа и во македонското соседство.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе