Тешка несреќа на аеро-митинг во Бугарија
Двајца пилоти на бугарското воено воздухопловство загинаа, за време на тренингот во базата „Граф Игнатиево“ , откако нивниот авион- „L-39 Албатрос“ се урна при обидот на пилотите да изведат една акробација.
Авионот и пилотите се подготвувале за аеро-митингот, закажан за сабота, што беше организиран како дел од прославата со која требаше да се одбележи 20 годишнината од членството на Бугарија во НАТО.
На тренингот имало и многу гледачи и домашни и странски новинари, но колку што се знае никој од посетителите не е настрадан. Поради тешката несреќа аеро-митингот е откажан.
Смрт на двајца искусни пилоти
Несреќата е примена со вчудоневидување во домашната јавност, затоа што загинатите се искусни пилоти- едниот е 51 годишен генерал-мајор на бугарската авијација, а другиот има 28 години и чин поручник, но и за двајцата се вели дека имаат многупати летано со паднатиот авион.
Обајцата се и инструктори по летање кои ги обучувале новите , млади пилоти. Министерот за одбрана потврдил дека авионот бил оваа година сервисиран, поминал детален ремонт, и бил целосно технички исправен за летот.
Несреќата се случила кога пилотите изведувале еден сложен маневар, при исклучително мала височина.
Покрената е истрагаа, а засега се знае само дека катапултот на авионот не се активирал, ниту пак се отвориле падобраните.
Авион од советско време
Авионот „L-39 Албатрос„ е школски авион, за тренинг и за обука и во бугарското воено воздухопоовство се користи над 30 години.
Го имаат сите поранешни комунистички земји, уште од времето на СССР и тогашното воено-политичко сојузиштво.
Станува збор за советски авиони „Микојан-Сухој“ кој е конструран уште во 1968 година, а се произведува од 1974.
Во Бугарија бил добиен од Чехословачка и земјата има 36 вакви летала. Тие во 2007 година престанале да се користат, поради недостиг на резервни делови, но подоцна одново се вратени во употреба.
Истрагата треба да открие – дали падот на авионот е последица на лошо изведеното сервисирање, или станува збор за грешка на пилотите.