Полицајци киднапирале туристи
Четворица полицајци во Филипините се уапсени , откако се обвинети дека киднапирале четворица странски туристи кои престојувале на одмор во оваа голема земја во Југоисточна Азија и за нивното ослободување побарале откупнина.
Според соопштението на локалната полиција, двајца полицајци на мотори запреле еден луксузен автомобил , наводно за редовна сообраќајна контрола. Но наместо проверка на сообраќајните документи, се појавиле двајца други, како помагачи, кои под закана со оружје ги натерале туристите да излезат од возилото, по што ги заврзале и насила (заедно со полицајците) ги внеле во комби возило.
Киднапираните биле тројца Кинези и еден Малезиец и биле дел од поголема група.
Двајца други кинески туристи успеале да им побегнат на киднаперите и да ја известат филипинската полиција, која веднаш тргнала во потрага,
Грабнатите странци биле претепани од полицајците-киднапери , но во текот на првата ноќ во заточениптво , биле ослободени, откако ја добиле откупнината- 2,5 милиони филипински пезети, односно 39 илјади евра.
Информациите на двајцата избегани, како и другите четворица кои биле киднапирани, како и безбедносните камери , овозможиле брзо да се најдат и да се уапсат киднаперите. Утврдено е дека сите четворица биле полицајци, од кои едниот и со висок чин на полициски мајор.
Филипинската полиција како и министерството за внатрешни работи, во заедничко соопштение, велат дека властите трагаат по уште десет други лица, за кои се верува дека се поврзани ( како помагачи) со киднапирањето на туристите. За нив се вели дека не се полицајци.