Евроизбори – марш на ултрадесницата
Околу 360 милиони граѓани на Европска Унија излегуваат на гласање – секој во својата земја членка-за изборот на нов состав на Европскиот Парламент кој има 720 европратеници. Гласањето се одвива меѓу 6 и 9 јуни, иако Естонија веќе гласаше на 3 јуни. Мандатот на европатениците трае пет години.
Први на овие избори излегуваат Холанѓаните, а утре гласачите во Ирска. На 8 јуни Малта и Словачка, додека во сите други земји-членки на ЕУ ќе се гласа во недела, на 9 јуни. Само Чесите и Италијанците ќе може да гласаат во два дена.
Најмногу Германци, најмалку од Малта
Условите за гласање се како и во матичните држави- право на глас имаат лица со наполнети 18 години. Исклучок се Белгија, Германија, Малта и Австрија каде оваа година ќе може да гласаат сите постари од 16 години. Во Грција тоа се однесѕ=ува на лица постари од 17 години.
Гласањето е задолжително во Белгија, Бугарија, Луксембург и Грција. Кој нема да се јави на гласање ризикува да биде парично казнет.
Различно е и правото кој може да биде предложен и да биде избран за европратеник , па на пример, во половината од земјите на ЕУ, доволно е да е постар од 18 години, но старосната граница за пратеник во Романија е 21, а во Грција и Италија 25 години.
Не е еднаков ниту бројот на пратениците кои се избираат од земјите- Германија која има 65 милиони гласачи, избира најмнигу пратеници-96.
Франција има 81 пратеник, Италија 76, а Шпаноја 61 европратеник. Најмалку пратеници, по шест даваат Малта, Кипар и Луксембург. Словенија и Летонија (кои се приближно на големината на Северна Македонија) имаат по девет пратенички места, додека Естонија има седум пратеници.
Вртење на гласачите
На политички план, досегашните анализи укажуваат на подем на ултрадесницата, блок од партии кои и досега беше во Европскиот парламент, но со малиот број пратенички места беше маргинализиран и без влијание на главните политички токови на ЕУ.
Големо прашање е, меѓутоа, колку таквото вртење на гласачите – подесно од десното- може да ја растресе ЕУ и да влијае врз одлуките на Европската комисија. Посебно, што растот на ултрашите се предвидува да биде за сметка на партиите и блокот на левиот центар и на зелените.
Има проценки кои се датирани од пред неколку месеци дека во девет земји, меѓу кои се Белгија, Италија и Франција, крајната десница ќе има најмногу гласови.
Тоа донекаде би можело да го загрози мнозинството на „среднистите“ од десниот центар кои и во оваа прогноза, сепак, остануваат со најголем број европратеници. Станува збор за блокот ЕПП (европски народни партии), како и блоковите на левиот центар , на социјал-демократите и либералите.
ЕПП, сепак, најпопуларен
Десничарскиот блок- Идентитет и демократија (ИД)- кој е помалку радикален од крајната десничарска група, која кокетира во Германија со нео-нацизмот , изгледа дека најмногу ќе профитира на овие избори , заедно со групата Европски конзервативци у реформисти (ЕЦР)- добивајќи меѓу 68 и 75 места. На тој начин, овие два блока би го зголемиле својот пратенички состав од сегашните 118, на 143 пратњеници во Парламентот од 720 пратеници.
Блокот од „среднистите“ се очекува да обезбеди 405 места, што е помалку од сегашните 417 мандати, но европски политички експерти веруваат дека овој блок , сепак, би го задржал мноизинството што го има од изборите во 2019 година.
Како и да е, десниот, популистички и национлистички блок во следните пет години се очекува да има поголемо влијание врз Европскиот Парламент и врз одлуките кои таму се носат- посебно во сегашното турбулентно време и за клучните прашања на ЕУ.
Миграцијата и климатските промени
Тоа се, пред се, климатските промени и миграцијата, кои се главнте фактори за сегашниот „марш на крајната десница“ , низ Европа.
Сето тоа поврзано со растот на разните неонацистички групи и движења кои промовираат застрашувачки работи, кои потсетуваат на минатото, од годините на нацизмот- протерување на странците, одземање на веќе доделеното државјанство, нескриениот расизам, како и омразата зачинета со опасен десен популизам.
Сето ова прикриено, или сосема отворено поврзано со руско мешање во избрната кампања, преполна со лажни вести и дезинформации кои се лансираат од Москва, со помагање (со пари) на еврослата крајна десница во Германија, Франција, Холандија и Италија), за да се разбие единството во ЕУ, со кое командува еден Виктор Орбан, веќе означен како злото на Унијата.
Неединство меѓу десничарите
Меѓутоа, во истото ова време и целиот десничарски блок од внатре се покажа како неединствен – токму во последните недели пред изборите.
Марин Ле Пен ги прекина односите со ултрашите од германската Алтернатива за Германија (АфД) кои се отидени премногу во неонацизам ,што може да биде „мечкина услуга“ за позицијата на францусјите крајни десничари на домашен политички терен.
Во Италија, пак, Џорџа Мелони и како премиер покаува дека ултаршите не се она што таа го посакува за друштво, па се има дистанцирано од нив зз виталните европски прашања. Изразувајќи претензии за се поголемо одење кон политичкиот десен центар.
И едната и другата, патем, не сакаат да му бидат на услуга на Унгарецот Орбан кој си има утувено дека треба да ја предводи европската евроскептична група, служејќи им како вазал на Кремљ и на Владимир Путин.
(С.Г.)