Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Словачка- Пет истрели за премиерот

Словачка- Пет истрели за премиерот

Роберт Фицо, контроверзниот премиер на Словачка, најверојатно ќе го преживее атентатот што беше извршен врз него, кога еден политички неистомисленик пукаше во него, додека претседателот на владата разговараше со педесетина свои подржувачи.

Така велат неговите најблиски соработници, по неколкучасовната операција врз тешко ранетиот политичар.

Инцидентот се случи на локалниот плоштад, во едно мало место, северозападно од главниот град Братислава, предизвикувајќи шок во домашната јавност и неверување во ЕУ, каде оваа поранешна комунистичка земја, сателит на некогашниот СССР, како дел од поранешната држава Чехословачка, припаѓа уште од мај 2004 година.

Атентатор на 71 година

Уште поголемо изненадување е сознанието дека атентаторот кој има испукано пет истрели од својот пиштол врз Фицо не е никаков млад бунтовник и анархист, како во времето кога во Европа на ваков начин се решавале политичките недоразбирања.

Станува збор за  71 годишен човек, за  кој се знае дека се бавел со пишување и се сметал за писател, кој и самиот еднаш во минатото, бил жртва на сличен ваков напад. Неговиот син  вчудоневиден од постапката на својот татко има речено дека не може да поверува во сето ова, опишувајќи го притоа како -некој кој знае да избувне- но не и  да убие и тоа   премиер на држава.

„Можам само да ви кажам дека татко ми не гласаше за него (на последните парламентарни избори, во есента 2023 година)“- има изјавено за словачките медиуми синот на атентаторот кој е уапсен и се наоѓа во притвор.

Мотивот е политички

Останува сега да се зборува за мотивот со кој би се објаснило- зашто еден олку возрасен човек би се определил да изврши убиство и тоа врз прмиерот.

Според објаснувањето на синот- за политичкото несогласување на таткото, со она на Фицо-  мотивот треба да е политички.  Со тоа се согласува и словачкиот министер за внатрешни работи  Но, се испитуваат и други можности, па во тие рамки се анализира и вкупната ситуација во земјата.

За разлика од една Чехија, или Полска, на пример, Словачка  уште од порано е поблиска и повеќе свртена кон Русија и тој сентимент од  комунистичкото минато се одржува и сега, колку и да изгледа крајно необично.

Фицо во текот на својата изборна кампања ветуваше дека ќе ја укине досегашната ( обемна) воена помош за Украина, но тоа не можеше до крај да го спроведе, затоа што неговите коалициски партнери не се согласуваат.

Контроверзниот Фицо

Работите, затоа,  се сведоа на намалувањето на некои испораки, бидејќи во спротивно- ќе паднеше владата, а тој не ќе можеше да биде премиеер, што е спротивно на неговите големи политички амбиции- да владее со земјата.

Но, тој сепак, остана  противник на санкции за Москва, објаснувајќи дека „тие се бесполезни“, па на тој начин Роберт Фицо ја сврте земјата кон Виктор Орбан и унгарската деспотија, наспроти целата ЕУ/Европа.

Меѓутоа, за разлика од Унгарија, помалечката Словачка има силно развиено цивилно општество, па во неа многу потешко може да помине воведувањето авторитарна власт- а ла Орбан.

Освен тоа, Фицо е по четврти пат премиер, откако последиот пат, во 2018 година беше буквално сменат насила, по масовните протести на Словаците кои ги обвинуваа него и неговата тогашна влада за корупција во врвовите на државата, подржувани од самата влада.

Обвинуван за корупција

Тој самиот беше и осомничен и дека ја забошотува и онака млитавата истрага за ликвидирањето на новинарот кој прв укажа на корупцијата, кој беше убиен од платен убиец во неговиот стан. Во тоа убиство настрада и свршеничката на новинарот која сосема случајно била во станот.

За Фицо се вели дека како левичарски популист е наклонет кон авторитарност и успеа за само шест месеци (одново) да создаде криза во Словечка , со настојувањето да се подржави државната радио и телевизија- за да се стави под владина контрола, па  пак е соочен со масовни протести.

Аналитичарите во Братислава, од друга страна, оценуваат дека атентатот врз премиерот е кулминација на длабоката поделба во општеството и при тоа се споменува и досегашната претседателка на државата Зузана Чапутова која и самата има примено низа закани за физичко елиминирање, иако таа е на другата страна од политиката- силно проевропски и прозападно определена.

Словаците лојални на ЕУ и НАТО

Тоа е сосема различно од позициите на нејзиниот наследник на функцијата кој важи за истомисленик со Фицо.

Иако претседателот во Словачка нема голема политичка моќ, затоа што власта е во премиерот, определувањето на гласачите токму Фицо да биде одново премиер, по се она што го има направено и обвинуван и сменет за корупција, покажува колку е длабока поделбата во словачкото општество.

Сепак, далеку од тоа дека сите Словаци ја сакаат Русија, или дека се определени за подршка на Путин.

Анкетите покажуваат дека мнозинството е за останување во сојуз со Западот, со НАТО и со ЕУ, затоа што токму тие евроинтеграции  исклучително многу и имаат помогнато на оваа земја- третирана како второкласна во некогашната Чехословачка  и тоа од самите Чеси- да се претвори во високо развиена средноевропска држава.

(Б,С.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе