Поврзете се со нас

Skopje Global

mountain cover with snow

Екстра Глобал

Шерпасот Рита 29 пати на Монт Еверест

Шерпасот Рита 29 пати на Монт Еверест

Непалецот Ками Рита, најпознатиот тамошен  шерпас и алпинистички водич, неопходен при искачувањето на највисокиот врв во светот, на Химелаите, постави нов (неслужбен) светски рекорд, откако по 29 пат се искачи на Монт Еверест и безбедно се врати од планината.

Рита кој има 54 години, прв пат се има искачено на врвот висок 8.848 метри, во 1994 година, пред рамно 3о години. Тој и досега беше светски рекордер по бројот на искачувањата и освојувањата на  Монт Еверест.

Годинава дозволи за 414 искачувања

Роден е во подножјето на највисоката планина, во семејство на етничката заедница на Шерпаси, во Непал. Од млад велат дека ги знаел сите патеки безбедни за искашување и за симнување од Еверест, па рано ја има почнато и својата кариера.

Прво, само како носач на опремата на членови на разни екседиции, а подоцна , веќе како истакнат меѓу Шерпасите- без кои никој не може да дојде до врвот и да го освои Еверест- почнале да го ангажираат како водич при искачувањето.

Властите во Непал кои водат сметка за тоа да не дојде до преголема навала од алпинисти на тешкиот и напорен пат до врвот, оваа година има определено дозволи за искачување да добијат 414 алпинисти од разни страни на светот. Тоа свое право тие мораат да го искористат  во време на сезоната за освојување на врвот која трае од април до јуни.

Над 600 алпинисти се имаат искачено на Монт Еверест во минатата година. Од нив, 18 амбициозни и смели алпинисти, не успеале- загинати се при искачувањето.

Загинат пакистански шерпас

Но, во минатата година, беше покрената истрага за смрта на еден пакистански  шерпас.

Истрагата беше отворена откако се рабра дека несреќниот носач се повредил при искачувањето, близу до врвот К-2 , втората најопасна планина во светот, а дека никој не му помогнал. Се тврдеше дека  се лизнал на тесната патека и паднал .

За случајот беше обвинувана  , дури и од колегите алпинисти, една норвешка алпинистка на која ( како што се тврдеше) поважно и било да постави светски рекорд во брзината на освојувањето на К-2, висок 8.611 метри.

Таа категорично ги има отфрлано  обвинувањата дека  со својот шерпас го оставила тешко ранетиот 27 годишен Пакистанец, без да му помогне. Тој подоцна  починал како последица на падот и  на лошите временски услови, поради кои две експедиции го прекинале искачувањето.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе