Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Најбавниот воз во Европа- во Швајцарија

Најбавниот воз во Европа- во Швајцарија

Патувањето со воз во Европа забрзано се враќа во мода, особено откако на Стариот континент се намножија линиите со новите експрес брзи возови.

Освен тоа, се менуваат  законските и  даночни одредби во некои земји ( Франција , на пример) со кои  одново се фаворизира железницата, наместо авионскиот превоз, посебно на кратки реалции, до градови до кои има и железничка и авионска врска. Таквите мерки, како и настојувањето да се поевтинат железничките карти , придонесуваат да се зголеми бројот на патниците и интересот за патување со воз..

Швајцарија , како една од  економски најмоќните европски држави, можеби нема експресни линии , како оние во Франција , или Германија, но оваа алпска земја немала и нема проблем со недостиг на патници- посебно странски туристи и гости кои ги има во текот на целата година. А, швајцарските возови се популарни, не поради својата брзина, туку затоа што најчесто  минуваат низ прекрасни пејсажи.

Во Швајцарија, затоа, е регистриран и најбавниот воз во Европа.

Познат е како „Glacier Express” – или како алпскиот воз- чија просечна брзина изнесува само 36 км/на час. Возот ги поврзува Цермат и Сент Мориц и е најбавен на континентот, но е означен и како најатрактивен , па возењето со него се смета за авантура која треба да се доживее.

На својата делница овој Експрес минува преку 291 мостови, низ 91 тунели и се искачува на надморска височина од 2044  метри , на преминот Обералп. И тоа го прави и во текот на зимата, кога има многу снег.

За оваа железничка линија велат дека е вистинско инжинерско чудо и достигнување, изградена во едно друго, дамнешно време , на ваков терен, пробивајќи се низ швајцарските Алпи. Во денешно време линијата повеќе се смета како една од атракциите на Швајцарија. Никому не пречи што возот , на определени делници , се движи  дури и со брзина помала од 20 км/час.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе