Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Свештеник на РПЦ избркан од црквата за противење на војната

Свештеник на РПЦ избркан од црквата за противење на војната

Црковниот суд на РПЦ го обвини и го осуди својот свештеник Алексеј Умански за прекршување на – молитвата за света Русија- што руската црква им ја има наложено, како задолжителна, на целото православно свештенство, веднаш по руската инвазија врз Украина.

Свештеникот кој во домашната јавност е познат како либерално определен и како противник на војната, сега е соочен да биде набркан од РПЦ и да му биде забрането да врши верски обреди,  само затоа што на своите литургии одбивал да ја прпита молитвата- Господ да ја благослови Русија и да ја води земјата за победа над Украина“.

Против Синодот и Кремљ

Судот на црквата веќе има одлучено Умански да биде „изопштен од светиот ред на РПЦ, бидејќи не ја почитувал наредбата издадена од Светиот синод, за задолжително  читање на оваа молитва.

Пресудата  сега треба да ја одобри и да ја потврди  рускиот патријарх Кирил кој не е само добар пријател со Владимир Путин, туку е и силен подржувач и на неморалната, брутална војна наметната на Украина, во која се убиваат невини цивили- „братски Украинци, словенски народ и православни христијани, како и Русите“.

Либерална и антивоено определена Русија во овој случај гледа пример  за тоа како РПЦ ги потикнува внатрешните несогласувања во редовите на свештенството ( посебно кога стамува збор за војната), давајќи им силна и отворена подршка на Путин и на неговата војна , која навлегува во втората година.

„Молитва за мир , а не за војна“

Умански не е првиот свештеник кој е казнет, затоа што пред него, десетици свештеници од разни делови на Русија се казнети за нивното несогласување со официјалната позиција на Руската православна црква- да се брани инвазијата врз една независна и суверена држава, да се убива и да се разурнува украинската територија. Сите тие, се казнети затоа што на своите литургии се залагале за мир и за запирање на војувањето и убивањето.

Црковниот суд ги има прогласено за виновни, затоа што наместо да се благословува војната- се додека не победи Русија- тие своите лутургии ги завршувале со молитва за мир во Украина и за прекинување на страдањата на Украинците.

Но, свештеникот Умански е највисоко рангиран досега. Тој е над 30 години свештено лице и бил свештеник во црква во Москва. Пред да биде отпуштен од редовите на свештенството, пред православниот Божик, оваа година,  бил активен во хуманитарната работа – помагал во една московска болницз за тешко заболени деца.

Неспоиво со христијанското верување

Во домашната јавност е познат и како свештеникот што ја има предводено погребната литургија за поранешниот претседател на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов кој почина во 2022 година.

Сепак, сега е „виновен“ затоа што во едно интервју, објавено во ноември 2023 година, има речено дека т.н. „специјална воена операција“- како што Кремљ и Путин ја означуваат војната-  е „целосно неспоива со црковната литургија и со христијанското верување“.

Верниците во црквата каде служел-  ги повикувал да се молат за мир и да одат во цркви каде има свештеници, каков што е и тој- кои исто така заговараат да се читаат молитви за мир и за запирање на војната, а не за нејзиното натамошно продолжување.

Според свештеникот Алексеј Умански – „читањето молитва за победа во една ваква  војна ( како оваа во Украина) секогаш води и до самоуништување“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе