Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Најбогатите во светот – уште побогати

Најбогатите во светот – уште побогати

Најбогатите луѓе во светот, во 2023 година станале уште побогати , зголемувајќи го своето богатство – во еден случај дури за седун пати. Тоа и такво зголемување е регистрирано кај 38 од првите 5о супер богаташи , како и меѓу оние 385 од рангираните 500 најбогати жители на планетата.

Според лондонски „Гардијан“ овие луѓе се главно меѓу американските технолошки милијардери и руските олигарси, за кои овој весник вели дека многу мирно, комотно и без никакви тешкотии ги имаат пречекано Божикните и Новогодишните празници , за разлика од „обичните смртници“.

Тие и овој премин од едната во другата година го имаат пречекано со раст на животните трошоци- како последица на долгата пандемија со корона висрсот, а потоа и од руското покренување војна против една независна и суверена држава.

„Мали“ и „големи“ милијардери

Почнувајќи од контроверзниот Илон Маск и затворениот во себе Марк Цукерберг, кои се на врвот од милијардерската пирамида, па  се до оние, релативно „помалите“ милијардери, како Британцет Џејмс Дајсон , или Џим Ратклиф, најновиот главен акционер на „Манчестер Јунајтед“- најбогатите го имаат зголемено своето богатство.

Дури и една група од водечките руски олигарси продолжуваат да го зголемуваат своето големо богатсво-барем на хартија- и покрај острите меѓунардни санкции, наметнати на Русија и на нив, како последица на инвазијата врз Украина и војната што  Москва ја води, без малку две години.

Анализите на агенцијата Блумберг открива дека од оние 50 супер богати, 12 имаат изгубено пари, додека во листата на 500 најбогати-  дури  77 отсто од нив го имаат уште повеќе зголемено своето богатство.

Маск уверливо најбогат

Илон Маск е прв на оваа листа, со проценети 235 милијарди долари. Иако има берзански извештаи дека неговиот дел во поранешен Твитер, сега Икс, е намален за 50 отсо, откако за 44 милијарди го има купено од поранешниот сопственик, на помош на овој милијардер, роден во Јужна Африка на помош му се најде компанијата Тесла.

Особено што вредноста на акциите  на електричните возила е повеќе од два пати повисока. Тоа значи дека нивната пазарна вредност сега изнесува 816 милијарди долари,што му има поногнато на Маск кој е нејголем акционер во Тесла, да го зголеми своето лично богатство за 96 милијарди долари.

Како илустрација- „Гардијан“ вели дека само зголеменото богатсво на Маск, за една година, е поголемо од годишниот БНП на Ангола, земја производител и извозник на нафта.

Негов главен конкурент за растот до  милијардерскиот врв е сепак Цукерберг , затоа што богатството на основачот на Фејсбук за една година е поголемо за 184 отсто- од 45 милијарди (во еден момент, по катастрофалната 2022 година) на 128 милијарди, откако вредноста на акциите на компанијата -мајка Мета, се зголемија за 172 отсто.

Бернар Арно и Л Ореал

На листата на милијардерита, продолжуваат да доминираат Американците.

Меѓу првите десет најбогати, само еден, Французинот Бернар Арно е единствен од „другиот дел на светот“ со богатство од 179 милијарди , кое во 2023 е зголемено за над 17 милијарди долари, благодарејќи на неговата куксузна  групација ЛВМХ.

Од Франција доаѓа и најбогатата жена во светот- наследничката на козметичката империја Л Ореал- Франсоа Бетанкур Мајерс. Таа е рангирана како 12-та на вкупната ранг листа.

Кај руските олигарси бројките се многу помали и во рускиот табор, како прв е рангиран „кралот на никелот“ Владимир Потанин чие богатство се проценува на 30,5 милијарди долари, додека како втор се смета Алишер Усманов  со 20, 3 милијарди, , а трет индустријалецот  Алексеј Мордашов . Сите тројца го имаат зголемени своето богатсвои за – меѓу две до 1,5 милијарди.

Во групата на 500 најбогати во светот- 189 се од САД, а 52 се од Кина. Британија , според„ Гардијан“, сега има само 17 најбогати во оваа листа на првите 500.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе