Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Брод удри во мост во Лондон

Брод удри во мост во Лондон

Еден помал патнички брод, пловејќи по реката Темза, низ центарот на Лондон, удри во еден од мостовите и остана заглавен под него. Според британските медиуми, во овој инцидент немало повредени, а кај бродот е предизвикана помала штета.

Инцидентот се случи кај Хамерсмит мостот во југозападниот дел од градот, додека бродот превезувал  група навивачи на фудбалскиот клуб „Вест Хем“. Полицијата и лондонскиот бродски власти отворија истрага за случајот, но засега не се зна како воопшто можело да дојде до еден ваков инцидент.

Она што сега  се испитува е дали капетанот на бродот има направено грешка во навигацијата, или пак станува збор за неговата погрешна проценка дека бродот ќе помине , без проблеми под мостот.

Навивачите   на „Вест Хем“ се одлучиле за побрзо и побезбедно да патуваат по реката до квартот Хамерсмит, за да се префрлат од таму до стадионот на „Фулам“ во блискиот истоимен кварт, за натпреварот меѓу овие два клуба.

Мостот кој е изграден уште пред 136 години и сега се користи, но само за минување на пешаци, откако градежни експерти имаат откриено минимални пукнатини на железната конструкција.

Хамесмит мостот, со години на ред  беше важна комуникациска врска за тој дел од Лондон, се  до 2020 година кога беа откриени пукнатините и по него беше забранет секаков вид сообраќај.

Во време на терористичките напади на паравоената ирска организација ИРА, пред мировниот договор од Велики Петок, еден напад бил извршен и врз овој мост.  Експлозијата не го урнала мостот, ниту имало големо оштетување, па тој бил  саниран и оспособен за сообраќај. Сега се верува дека откриените оштетувања на конструкцијата се последица од тој напад.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе