Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Штрајк на премиерката на Исланд

Штрајк на премиерката на Исланд

Десетици илјади жени во Исланд, во вторникот одбија  да дојдат на работа, штрајкувајќи незадоволни од родовата нееднаквост ,  на која се изложени, кога станува збор за платите на жените, но нездоволни и поради насилство врз нив, што се уште постои.

Штрајкот доби политичка тежина откако на протестот му се приклучи и премиерката на оваа островска држава во северниот Атлантик, Катрин Јакобсдотир. Таа објави дека на денот на женскиот штрајк, нема да дојде на работа- оставајќи ја премиерската канцеларија затворена.

Против родовата нееднаквост

„На денот од штрајкот и јас нема да одам на работа, солидаризирајќи се со Исланѓанките кои протестираат“- има речено премиерката, изразувајќи надеж дека  на штрајкот ќе му се приклучат и жените од премиерскиот кабинет, како и оние во владата.

Штрајкот беше организиран поради незадововолството на жените од островот, затоа што тие се уште  примаат пониски плати од мажите, за истата работа и за истите, или слични работни обврски.

Ова беше прв ваков штрајк , после октомври 1975 година, кога жените од Исланд, за прв пат, протестираа незадоволни од својата положба. Пред 48 години, во тогашниот женски штрајк учествувале дури 90 отсто од вработените жени. Сега процентот на штрајкувачите (велат) бил помал, но организаторите  на протестот ги повикале сите жени- како оние кои работат за плата, така и неплатените професии, како работењето дома- тој ден да одбијат да работат.

Колкава  и да била масовноста, женскиот штрајк, сепак,  има предизвикано проблеми на многу работни места на островот, а пред се во образованието и здравството, како и во новинарството , посебно на  програмите на исландскиот јавен телевизиски сервис, каде била менувана и скратувана програмата.

Женски штрајк

Жените се масовно вработени во образованието на сите нивоа. Во претсколшкото образование жените  во вработувањето учествуваат со 94 отсто, додека во главната болница во Рејкјавик, безмалку 80 отсто од вработените се жени.

Веќе 14 години по ред, Исланд се промовира во Европа и светот како држава со најдобра родова рамноправност. Но , штрајкот, како и солидаризирањето со него и на премиерката , покажува дека ниту во оваа земја, работите не се разрешени, како што тоа обично се мисли за состојбите во земјите од северот на Европа.

Тоа го има речено и премиерката Катрин Јакобсдотир, која објаснувајќи ја одлуката и таа да штрајкува, има речено дека-  неприфатливо е во 2023 година, се уште да има високи разлики во платите, односно се уште да постои родова нееднаквост“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе