Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Хамас-орудие на Иран на Блискиот Исток

Хамас-орудие на Иран на Блискиот Исток

Израел  формира воен, владин кабинет во кој се премиерот Бенјамин Нетанијаху и лидерот на опозицијата Бени Ганц, откако тие двајцата се создаде заедничка влада која ќе управува со земјата додека трае војната со милитантната, исламистичка палестинска организација Хамас. Во првата изјава, Нетанијаху порача дека главната цел на овој воен кабинет е – како што рече- да се збрише Хамас од лицето на Земјата.

Станува збор за нешто што се случува за прв пат после половина век- Израел да објави дека е во војна и по тој повод  да формира воена влада, во која е вклучена и  опозицијата. Во исто време, за  прв пат по многу децении Израелците зборуваат дека го бранат и својот опстанок, како народ.

Терористичка војска

Затоа што она што досега е откриено по нападот од саботата, на 7 октомври, во раните утрински часови,  се нема случено уште од времето на Втората светска војна и никогаш од создавањето на Израел во 1948 година- брутално насилство врз жени, деца и стари луѓе и вистински  масакар  само затоа што тие луѓе  се Евреи.

Според тоа, како сега стојат работите, нема шанси за некакво скорешно примирје.

За тоа израелски дипломати веќе имаат објаснето дека околу тоа нема со кого да се зборува. Според нив, не може за некакво примирје да се зборува со Хамас , кој не сака мир и никогаш не го сакал мирот, воопшто не зборувајќи за  некаково мирно решение, затоа што оваа исламистичка организација постои и делува- само за да војува.

Особено што за Хамас не можеше ни порано, а посебно не може  сега, да се зборува како за милитантна група исламисти, вооружена со калашникови, туку за војска која има арсенал од ракети од различен дострел, која Иран и уште некои други ја подржува со пари и оружје, служејќи му на Техеран  за неговите верско-идеолошки цели- да се уништи државата Израел.

Израелски 11 септември

Впрочем, Иран тоа  го прави на повеќе локации на Блискиот Исток- па покрај со Хамас во Газа,  тоа се прави и со користењето на  шиитските милиции во Ирак, на Хутите во Јемен, со Хезболах во Либан, како и со  разните палестински и сунитски  терористички отганизации кои дејствуваат на целиот овој терен, служејќи им пред се, на иранските интереси.

Кога станува збор за Израел, сепак, Хамас е главниот играч и главното упориште на неговите подржувачи и потикнувачи на терористички операции. Но, и кога станувз збор за водењето војни против Израел, како оние во 2008, во 2012, потоа две години подоцна во 2014 и онаа во 2021 година.

Ниту една досега, меѓутоа, не беше налик на војната која ја покрена оваа терористичка, палестинска организација во минатата сабота, убивајќи и масакрирајќи над 1300 Израелци. Напад што многумина воени експерти го означуваат како  „израелски  11 септември“ – налик на терористичкиот напад во 2001 година врз САД, кога беа убиени и загинаа над 3500 луѓе во Њујорк и во Вашингтон.

Огранок на Муслиманското братство

Зачетокот на организацијата е уште пред крајот на шеесетите години на 20 век, на просторот на појасот Газа, кој тогаш беше дел од територијата на Египет. Хамас е создаден како огранок на египетското, исламистичко и милитантно Муслиманско братство.

Името Хамас што го има усвоено  е арапска кратенка за „Движење на исламскиот отпор“, што само покажува дека во основата на групата не е нејзината борба со Израел за територија, како што обично се тврди и се мисли во Европа, туку е религијата- исламот против хебрејството.

На таа и таква основа, Хамас во следните 20  години забрзано се развива и се радикализира, помаган со парите на арапските земји, настојувајќи да му конкурира на ПЛО (Палестинската ослободителна организација).

Конечно, во 1987 година е изграден и создаден во денешнот облик, на почетокот на првата интифада ( палестинско востание) против Израел. Основач е шеикот Ахмед Јасин.

„Палестина – земја на исламот“

Во повелбата  на Хамас издадена уште тогаш,  Палестина е прогласена  за „земја на исламот“, се заговара уништување на Израел и воспоставување на палестинска исламска држава.

Таквата повелба, како и однесувањето и дејствувањето на оваа организација од тогаш па се до денес, предизвика многу земји да ја третираат како терористичка организација, иако таквата квалификација некои земји, како Британија, Австралија, па и Египет, ја ставаат само за военото крило на Хамас.

Неговата основа ја чини  злогласната бригада Ал Касим, за која се верува дека располага со 20 илјади обучени и вооружени борци .

Проценка е дека во минатата сабота, на 7 октомври, тие имаат применето терористичка тактика против Израел , но во облик на воена операција, за што воени експерти сметаат дека било потребно за подготовка  и многу време за планирање и многу обука, а и концентрирање на многу оружје. Бруталниот терористички напад , во секој случај, не  е ниту импровизиран, ниту изведен онака на брзина,  како што тоа (обично) се спроведуваат терористичките акции.

Напади до уништување на Израел

Основната цел на оваа војска е само една- да се напаѓа постојано Израел, до неговото конечно уништување. Во таа функција е вклучено и политичкото крило на Хамас кое од убиството на основачот Јасин го предводи- сега и ако лидер на Хамас ( и на Газа) Исмаил Ханија.

Ова крило се наметна како конкуренција на движењето Ал Фатах , партија на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, која Хамас (практично) ја има уништено со својот радикализам, со лаѓните ветувања дека ќе побдеи и ќе обезбеди слободна и независна Палестина, без Израел, како нејзин сосед. Токму исламистите ги дисквалификуваа Ал Фатах и нивната политика како неефикасна, а нивното десјствување како некомпетнтно.

Во едно време, Арафат тргна и во вооружена пресметка со Хамас, која ја загуби , па во 2004 година милитантните исламисти победија во Газа на локалните избори, а а во 2006 и на парламентарните, од кога нивните главешини се сместија во фотелјите, владеејчи со појасот како со своја територија.

Неуспех во арапскиот свет

Политички Хамас се обидува да го изолира Израел од Арапите и од државите во регионот. Но во тоа не успева, па покрај Египет и Јордан, Израелците сега имаат односи и врски уште со неколку арапски држави, вклучувајќи го и Бахреин, ОАЕ, Судан, а се погласно се зборува дека Израел е на пат да ги нормализира односите и со една Саудиска Арабија- главниот играч во регионот и верски и политички противник со Иран.

Затоа она што се случи во минатата сабота, а што сега е повод за војната на Израел со Хамас, има рефлексии од ваквите раздвижувања во регионот каде повеќе има војни, отколку мир, но сигурно ќе има одраз и врз некои геостратешки поместувања.

Хамас ( Иран преку него) настојува да го минира нормализирањето на односите на Ерусалим и Ријад. Сега, се верува дека Саудијците ќе мора да бидат повнимателни во приближувањето до Израел, поради своето јавно мислење кое е  повеќе блиско до Хамас, отколку до Израел.

Помагачите на Хамас

Таквата политика, меѓутоа, може да има и обратен ефект, посочуваат некои политички аналитичари на Западот.

Прво, затоа што нападот на Хамас се повеќе укажува на Иран, како на земјата која знаела што се подготвува и давала подршка за тоа, а второ затоа што Саудиска Арабија би можела и да побраз со приближувањето со Израел , затоа што е јасно дека Техеран е заканата и за Ријад, кому му е отребна израелската воена соработка.

Саудијците, инаку долго по создавањето на Хамас беа неговите главни финансиери, заедно со Сирија.

Низа години наназад , таа улога меѓутоа,  ја има преземено Иран и малечкиот и богат Катар. Режимот во Техеран, на тој начин , се има сместено околу Израел, користејќи го од север движењето- партија Хезболах,  силно присутна во политичкиот живот на Либан.

(О.У.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе